Питер Лундгрен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Питер Лундгрен го тренира Вавринка

Питер Лундгрен (роден на 29 јануари 1965 година) е поранешен професионален тенисер во машка конкуренција и тениски тренер од Шведска. Тој повеќе сакaл да игра во затворен простор (сала) и на тврда подлога и трева, а помалку на земја.

Играчка кариера[уреди | уреди извор]

Лундгрен бил еден од втората генерација шведски играчи заедно со истакнатите Матс Виландер, Стефан Едберг, Јоаким Нистрем, Андерс Јарид, Хенрик Сундстром, Ханс Симонсон и Кент Карлсон што претставувале наследници на големиот Бјорн Борг.Тој го напуштил градот Сундсвал како 18 годишно момче и се преселил да живее во Стокхолм,[1] каде ја продолжил својата тениска кариера.

Во 1984 година Лундгрен ја завршил годината рангиран на 265 место.[2] На крајот од сезоната во 1985 година Лундгрен скокнал за 234 места на АТП листата за да заврши на 31то место. Во тој период тој ја освоил својата прва титула во Келн и тоа како квалификант победувајќи ги Војтек Фибак, Горан Прпиќ, Џереми Бејтс и Тим Вилкисон, а во финалето го победил Рамеш Кришнан.[3] По освојувањето на титулата, тој бил поздравен како „новиот Бјорн Борг“, во однос на неговиот талент и долгата коса која му давала налик на легендата на светскиот тенис Борг и поради фактот што тој тренирал и со самиот Бјорн.[4] Најдобриот пласман на Лундгрен бил на 25то место на светската ранг листа, но во тоа време тој бил само 7-ми најдобар швеѓанец зад Матс Виландер, Стефан Едберг, Андерс Јарид, Јоаким Нистрем, Хенрик Сундстром и Јан Гунарсон.

Шведска во тој период била светска сила во тенисот.

Тоа бил златниот период на шведскиот тенис за кое Лундгрен рекол „Имавме во тој период дури 14 играчи во топ 100 играчи на светот“. (не заборавајте за големината на шведското население, тоа го прави уште подобро ова достигнување)“.[5] Лундгрен иако успеал да оствари некои големи победи особено оние над: Иван Лендл, Матс Виландер, Мајкл Чанг, Џим Куриер, Томас Мустер и Пит Сампрас, не можел да постигне континуитет и самиот рекол дека „Бев понекогаш горе, а понекогаш долу. Понекогаш можев да ја изгубам мотивацијата, и одеднаш да бидам тениски прегазен од играчи со многу пониско рангирање од мене.“

Тој го одиграл својот последен натпревар на турнир против Карол Кучера во Данска на Копенхаген опен и се пензионирал на 30-годишна возраст, а потоа заминал да работи во тренерските води.

Тренерска кариера[уреди | уреди извор]

Лундгрен најпрво се прославил како тренер кога го внел Марсело Риос во топ 10 играчи на светот, но набрзо се разделиле. Лундгрен изјавил дека на Риос понатаму повеќе му требало психолог отколку тренер. Веднаш потоа се разделиле и завршила нивната соработка. Подоцна, тој работел за Швајцарската тениска федерација помагајќи им на тениските јуниори на оваа земја. Лундгрен набрзо го заменил Питер Картер кој бил тренер на Роџер Федерер. Тие (се мисли на Роџер и Лундгрен) соработувале заедно од 2000 година до крајот на 2003 година кога и се разделиле.

Лундгрен набрзо го презел со тренирање русинот Марат Сафин и го водел низ првенството на Австралија опен во 2005 година и со него работел до август 2006 година. Во септември 2006 година, било објавено дека тој ќе му помага на британскиот Дејвис куп тим во следните две години.

Тој добил отказ од британскиот тим во јуни 2007 година.[6] Во 2008 година, Лундгрен некое време не работел како тренер, бидејќи неговиот татко бил многу болен. Подоцна тој изразил желба повторно да се врати на работа со британскиот тениски тим.[7] Во текот на 2008 година започнал да го тренира кипарскиот тенисер Маркос Багдатис, а пак во февруари 2009 година, Лундгрен започнал да го тренира Григор Димитров од Бугарија. Подоцна му бил прв тренер на швајцарецот Станислас Вавринка. Во септември 2011 година, Лундгрен и Вавринка се разделиле. Лундгрен оттогаш продолжил да предава Вихт - и да биде таканаречен виртуелен тениски тренер во Хјустон, Тексас,САД. Во март 2014 година, Питер Лундгрен започнал да ја тренира Даниела Хантучова.

Грен слем финалиња[уреди | уреди извор]

Двојки: 1 (1 пораз)[уреди | уреди извор]

Резултат Година Првенство Површина Партнер Противниците Резултат
Загуба 1988 година Австралија опен Тврда Обединето КралствоЏереми Бејтс САД Рик Лич

САД Џим Пју
3–6, 2–6, 3–6

Финалиња во кариерата[уреди | уреди извор]

Поединечна конкуренција (3 победи и 3 порази)[уреди | уреди извор]

Легенда (поединечно)
Грен слем (0–0)
Мастерс куп во тенис (0–0)
Мастерс серии на АТП (0–0)
Серија на АТП првенството (0–1)
АТП турнеја (3–2)
Резултат Победи/Порази Датум Турнир Површина Противник Резултат
Победи 1–0 Октомври 1985 година Келн, Западна Германија Тврда (i) ИндијаРамеш Кришнан 6–3, 6–2
Победи 2–0 август 1987 година Рај Брук, САД Тврда САД Џон Рос 6–7, 7–5, 6–3
Победи 3–0 Октомври 1987 година Сан Франциско, САД Тепих - синтелон САД Џим Пју 6–1, 7–5
Порази 3–1 ноември 1988 година Стокхолм, Шведска Тврда(i) Западна Германија Борис Бекер 4–6, 1–6, 1–6
Порази 3–2 јули 1989 година Њупорт, САД Трева САД Џим Пју 4–6, 6–4, 2–6
Порази 3–3 август 1990 година Индијанаполис, САД Тврда Западна Германија Борис Бекер 3–6, 4–6

Двојки (3 победи и 7 порази)[уреди | уреди извор]

Резултат Победа /Пораз Датум Турнир Површина Партнер Противниците Резултат
Пораз 0–1 Октомври 1985 година Келн, Германија Тврда (i) Шведска Јан Гунарсон Австрија Алекс Антонич
Холандија Мајкл Шаперс
4–6, 5–7
Пораз 0–2 април 1986 година Келн, Германија Тврда (i) Шведска Јан Гунарсон Нов Зеланд Кели Евернден
САД Чип Хупер
4–6, 7–6, 3–6
Победи 1–2 Октомври 1986 година Тел Авив, Израел Тврда САД Џон Летс Јужна АфрикаКристо Стајн
Јужна Африка Дани Висер
6–3, 3–6, 6–3
Пораз 1–3 Јануари 1988 година Австралија опен Тврда Обединето Кралство Џереми Бејтс САД Рик Лич
САД Џим Пју
3–6, 2–6, 3–6
Пораз 1–4 февруари 1988 година Мемфис, САД Тврда (i) Шведска Микаел Пернфорс САДКевин Курен
САД Дејвид Пејт
2–6, 2–6
Победи 2–4 јули 1988 година Њупорт, САД Трева САД Кели Џонс САД Скот Дејвис
САД Ден Голди
6–3, 7–6
Пораз 2–5 Октомври 1988 година Базел, Швајцарија Тврда (i) Обединето Кралство Џереми Бејтс Швајцарија Јакоб Хласек
САД Томаш Шмид
3–6, 1–6
Пораз 2–6 јули 1990 година Торонто, Канада Тврда Австралија Бродерик Дајк САД Пол Анаконе
САД Дејвид Витон
1–6, 6–7
Пораз 2–7 август 1990 година Лос Анџелес,САД Тврда Кенија Пол Векеса САД Скот Дејвис
САД Дејвид Пејт
6–3, 1–6, 3–6
Победи 3–6 Октомври 1990 година Сиднеј затворен, Австралија Тврда (i) Австралија Бродерик Дајк Шведска Стефан Едберг
Чехословачка Иван Лендл
6–2, 6–4

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Historik“ (шведски). Sundsvall TK. 29 May 2008. Архивирано од изворникот на 30 September 2008.
  2. „Peter Lundgren – rankings history“. Association of Tennis Professionals (ATP).
  3. „Cologne Victory“. ITF. 29 May 2008. Архивирано од изворникот на 2011-06-05. Посетено на 2021-11-26.
  4. „I Paris ska Grand Slam-samlingen bli komplett“ (шведски). Aftonbladet. 29 May 2008.
  5. „Peter Lundgren Profile“. Tennisfest Sweden. 29 May 2008. Архивирано од изворникот на 4 March 2016.
  6. „GB coach given a leave of absence“. BBC. 29 May 2008.
  7. „Lundgren wants quick return“. Eurosport. 29 May 2008.

 Надворешни врски[уреди | уреди извор]