Пискавица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пискавица
Illustration Trigonella foenum-graecum0 clean.jpg
Научна класификација edit
Царство: Plantae
Нерангирано: Tracheophytes
Нерангирано: Angiosperms
Нерангирано: Eudicots
Нерангирано: Rosids
Ред: Fabales
Семејство: Fabaceae
Вид: Trigonella
Species:
T. foenum-graecum
Биномен назив
Trigonella foenum-graecum

Зеленика од пискавица

Пискавица (лат. Trigonella foenum-graecum) или тилчец, наречена исто така и „грчко семе“ е годишно растение од фамилијата Бобови (лат. Fabaceae). Се одгледува ширум светот. Семките и лисјата на ова растение се вообичаени состојки во јадењата од индискиот потконтинент. Се користи и во традиционалната медицина. Пискавицата може да го зголеми ризикот за сериозни медицински несакани ефекти, иако за нејзината кулинарска употреба (во помали количини) обично се верува дека е безбедна.[2][3] Пискавицата не е одобрена или препорачана за клиничка употреба од ниту една владина здравствена агенција.[4]

Историја[уреди | уреди извор]

Се верува дека пискавицата е донесена од Блискиот Исток. Не се знае од кој див вид на родот Trigonella потекнува. Јагленисаното семе од пискавица било пронајдено во Тел Халал, Ирак (радиојаглеродно датирање од 4000 година п.н.е.) и во бронзено време - исушеното семе од гробот на Тутанкамон.[5] Катон Постариот ја набројува пискавицата заедно со детелината и граорот како култури одгледувани за добиточна храна.[6]

Во еден рецепт од првиот век од н.е., Римјаните ароматизирале вино со пискавица.[7] Во 1 век од н.е., во Галилеја, пискавицата се одгледувала како основна храна, како што спомнува Јосиф во својата книга „Војни на Евреите“.[8] Растението се споменува во компендиумот од 2 век од еврејскиот устен закон (Мишна) под неговото хебрејско име тилтан.[9]

Потекло на поимот[уреди | уреди извор]

На англиски растението се нарекува fenugreek. Потеклото доаѓа од латинскиот назив на растението е faenugraecum, faenum graecum што значи "грчко сено".[10] Во дел од Индија растението се нарекува „самудра мети“ а арапскиот назив му е хилба или хелба (арапски: حلبة).

Производство[уреди | уреди извор]

Индија е главен производител на растението, особено државата Раџастан (80% од производството).[11] Од 1960 извозот подинамично бил насочен кон западните земји и Јапонија[12]

Примена[уреди | уреди извор]

Семиња од пискавица

Пискавицата се користи како билка (сушени или свежи лисја), зачин (семе) и во вид на зеленчук (свежи лисја). Сотолон е хемикалијата која на пискавицата ѝ го дава карактеристичниот мирис на јаворов сируп.[3][13]

Семките од пискавица се жолти, честопати се среќаваат во кујните на индискиот потконтинент, се користат и цели и во прав во подготовката на кисели краставички, јадења од зеленчук, како и мешавини на зачини. Тие честопати се печат за да се намали горчината и за подобрување на вкусот.[14]

Готвење[уреди | уреди извор]

Свежите лисја на пискавицата се состојка во некои кари. Се користат во кујните од индискиот потконтинент [15] Семките се јадат во салати. Кога се собира како зеленчук, растението е познато како самудра мети во Махараштра, особено во и околу Мумбај, каде што често се одгледува во песокта во близина на морето, па оттука и името самудра, „океан“ на санскрит. Самудра мети се одгледува и во суви речни корита на Гангетските рамнини. Кога се продаваат како зеленчук, младите растенија се берат заедно со коренот и се продаваат во мали снопови на пазарите.

Во турската кујна, семето се користи за правење паста позната како чемен . Во него се додаваат ким, црн пипер и други зачини, особено за да се направи пастрма .

Во иранската кујна, листовите се нарекуваат shanbalileh и се користат во супа позната како ешенех.

Во грузиската кујна, се користи еден друг поврзан вид Trigonella caerulea наречен „сина пискавица“.

Во египетската кујна, пискавицата е позната по арапското име хилба или хелба (арапски: حلبة). Семињата се варат за да се направи пијалак.[16] Селаните во Горниот Египет го додаваат семето од пискавица и пченка во нивниот леб наречен aish merahrah, како главен дел од нивната исхрана. Бастермата, сушено говедско месо, има посебен вкус на пискавица со која е обложено.[17]

Пискавицата се користи во еритрејската и етиопската кујна.[18] Зборот за растението на амхарски е абеш (или абхиш), а семето се користи во Етиопија како природен хербален лек за третман на дијабетес.

Јеменските Евреи пискавицата ја нарекуваат хилба, хелба, или халба „חילבה“. Кога семето се меле и се меша со вода, тоа набабрува; му се додаваат лути зачини, куркума и сок од лимон за да се добие хилбех [19] кое потсетува на кари. Истото се јаде секој ден и церемонијално за време на оброкот од првата и / или втората вечер на еврејската нова година, Рош Хашана.[20]

Нутриционистички профил[уреди | уреди извор]

Семки од пискавица
Хранлива вредност по 100 г
Енергија1,352 kJ (323 kcal)
58 g
6.4 g
23 g

Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД.

Во 100 гр, семето од пискавица обезбедува 323 калории (1.350 kJ) и содржи 9% вода, 58% јаглехидрати, 23% протеини и 6% маснотии, со калциум 40%. Семиња од пискавица се богат извор на протеини (46% ДВ), диетални влакна, Б витамини и минерали во исхраната, особено манган (59% ДВ) и железо (262% ДВ).

Ризици и несакани ефекти[уреди | уреди извор]

Иако некогаш народен лек за недоволно снабдување со млеко кај доилките, нема валидни докази дека пискавицата е ефикасна или безбедна за оваа употреба.[3] Пискавицата може да влијае на контракциите на матката и да биде небезбедна кај жените со рак чувствителен на хормони.[4] Пискавицата веројатно не е безбедна за употреба за време на бременоста, бидејќи може да има абортусибилни ефекти.[2]

Некои луѓе се алергични на пискавица, вклучително и оние со алергии од кикирики или алергии на леблебија.[2][3] Семето може да предизвика дијареја, диспепсија, абдоминална дистензија, подуеност, потење и мирис сличен на јавор, во пот, урина или мајчино млеко.[4] Постои ризик од хипогликемија особено кај лица со дијабетес и може да се меша во активноста на анти-дијабетични лекови. Поради високата содржина на соединенија слични на кумарин, пискавицата може да го попречи дејството на антикоагулансите.

Додаток во исхраната[уреди | уреди извор]

Додатоци во исхраната се произведуваат од семе во прав во капсули, чаеви и течни екстракти во многу земји.[3][4] Прашоците може да се користат и како тематски лек или за рани на кожата или егзема. Нема докази дека овие производи имаат клиничка ефикасност.

Семето и лисјата од пискавица содржат молекула сотолон, кој ја пренесува аромата на пискавица и кари во високи концентрации, и јаворов сируп или карамел во пониски концентрации.[3][13] Пискавицата се користи како ароматичен агенс при имитација на јаворов сируп или чај, и како додаток во исхраната.[4]

Добиточна храна[уреди | уреди извор]

Пискавицата понекогаш се користи како добиточна храна. Семето исто така се користи за да се хранат риби, домашни зајаци и преживари.[21]

Истражување[уреди | уреди извор]

Состојки на семето вклучуваат флавоноиди, алкалоиди, кумарини, витамини и сапонини ; најзастапениот алкалоид е тригонелин и кумарините вклучуваат цинаминска киселина и скополетин.[2] Истражувањето за тоа дали пискавицата ги намалува биомаркерите кај лица со дијабетес и со пред-дијабетични состојби е со ограничен квалитет.[22] Заклучно со 2016 година, нема докази за тоа дали пискавицата е безбедна и ефикасна за ублажување на дисменореа.[23] Бидејќи истражувањата за потенцијални биолошки ефекти при конзумирање на пискавица не се обезбедени докази за високо-квалитетни здравствени или анти-заболувања, пискавицата не е одобрена или препорачана за клиничка употреба од страна на која било владина здравствена агенција во САД.[3][4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Trigonella foenum-graecum". Germplasm Resources Information Network (GRIN). Agricultural Research Service (ARS), United States Department of Agriculture (USDA). Retrieved 2008-03-13.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Ouzir, M; El Bairi, K; Amzazi, S (2016). „Toxicological properties of fenugreek (Trigonella foenum graecum)“. Food and Chemical Toxicology. 96: 145–54. doi:10.1016/j.fct.2016.08.003. PMID 27498339.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 „Fenugreek“. Drugs.com. 2019. Посетено на 17 March 2019.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 „Fenugreek“. National Center for Complementary and Integrative Health, US National Library of Medicine. 14 April 2020. Посетено на 14 April 2020.
  5. Zohary, Daniel; Hopf, Maria; Weiss, Ehud (2012). Domestication of Plants in the Old World: The Origin and Spread of Domesticated Plants in Southwest Asia, Europe, and the Mediterranean Basin (изд. 4th.). Oxford University Press. стр. 122.
  6. Cato the Elder. De Agri Cultura. стр. 27.
  7. „A 9,000-Year Love Affair“. National Geographic. 231 (2): 46. February 2010.
  8. Josephus, De Bello Judaico, book 3, chapter 7, vs. 29. The prepared relish made from ground fenugreek seeds is very slimy and slippery, and was therefore poured over ladders as a stratagem to prevent the enemy's ascent.
  9. Commentators Maimonides and Ovadiah di Bertinoro on Mishnah Kil'ayim 2:5; Terumah 10:5; Orlah 3:6; ibid. 10:6; Ma'aserot 1:3, ibid. 4:6; Ma'aser Sheni 2:2–3; Niddah 2:6.
  10. „Online Etymology Dictionary“. www.etymonline.com (англиски). Посетено на 2017-02-07.
  11. V. A. Parthasarathy, K. Kandinnan and V. Srinivasan (уред.). „Fenugreek“. Organic Spices. New India Publishing Agencies. стр. 694.
  12. Petropoulos, Georgios A. (2002). Fenugreek : the genus Trigonella. New York: Taylor and Francis. ISBN 0-203-21747-0. OCLC 57577663.
  13. 13,0 13,1 „3-Hydroxy-4,5-dimethylfuran-2(5H)-one; CID=62835“. PubChem, US National Library of Medicine. 3 March 2019. Посетено на 17 March 2019.
  14. „BBC - Food - Fenugreek recipes“. Посетено на 2017-02-07.
  15. „14 dishes to eat if you're a vegan in Karachi“. Images. 29 March 2018. Посетено на 7 July 2018.
  16. „Health in a cup“.
  17. „Bastirma Recipe“.
  18. Gall, Alevtina; Zerihun Shenkute (November 3, 2009). „Ethiopian Traditional and Herbal Medications and their Interactions with Conventional Drugs“. EthnoMed. University of Washington. Посетено на January 27, 2011.
  19. „Hilba (Fenugreek paste) Cooking with chillies recipe“. Cookipedia.co.uk (англиски). Посетено на 2017-02-07.
  20. This is based on the assumption that the Aramaic name רוביא corresponds to it. (Karetot 6a; Horiyot 12a) Rabbenu Nissim at the end of Rosh Hashana, citing the custom of R Hai Gaon. This follows Rashi's translation of רוביא, cited as authoritative by Tur and Shulchan Aruch OC 583:1. But Abudirham interprets רוביא as black-eyed peas.
  21. Heuzé V., Thiollet H., Tran G., Lebas F., 2018. Fenugreek (Trigonella foenum-graecum). Feedipedia, a programme by INRA, CIRAD, AFZ and FAO. https://www.feedipedia.org/node/242
  22. Gong, J; Fang, K; Dong, H; Wang, D; Hu, M; Lu, F (2 August 2016). „Effect of Fenugreek on Hyperglycaemia and Hyperlipidemia in Diabetes and Prediabetes: a Meta-analysis“. Journal of Ethnopharmacology. 194: 260–268. doi:10.1016/j.jep.2016.08.003. PMID 27496582.
  23. Pattanittum, Porjai; Kunyanone, Naowarat; Brown, Julie; Sangkomkamhang, Ussanee S; Barnes, Joanne; Seyfoddin, Vahid; Marjoribanks, Jane (2016). „Dietary supplements for dysmenorrhoea“. Cochrane Database of Systematic Reviews. 3: CD002124. doi:10.1002/14651858.CD002124.pub2. PMID 27000311.