Пиротски Управен Округ
| Пиротски Управен Округ Пиротски управни округ | ||||||||||||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Управен Округ во Србија | ||||||||||||||||||
Слики од Пиротскиот Управен Округ | ||||||||||||||||||
Местоположба на Пиротскиот Управен Округ во Србија | ||||||||||||||||||
| Држава | ||||||||||||||||||
| Статистички регион | Јужна и Источна Србија | |||||||||||||||||
| Регион | Јужна Србија | |||||||||||||||||
| Седиште на округот | Пирот | |||||||||||||||||
| Управа | ||||||||||||||||||
| • Началник на округот | Драгана Тончиќ | |||||||||||||||||
| Површина | ||||||||||||||||||
| • Вкупно | 2,761 км2 (1,066 ми2) | |||||||||||||||||
| Население (попис во 2011) | ||||||||||||||||||
| • Вкупно | 92.479 | |||||||||||||||||
| • Густина | 33,4/км2 (870/ми2) | |||||||||||||||||
| ISO 3166 | RS-22 | |||||||||||||||||
| Општини | 4 | |||||||||||||||||
| Населби | 214 | |||||||||||||||||
| - Градови | 4 | |||||||||||||||||
| - Села | 210 | |||||||||||||||||

Пиротски Управен Округ - административен округ кој се наоѓа во југоисточниот дел на Србија. Ги вклучува градот и општините:
- Град Пирот - седиште на градската населба Пирот,
- Општина Бела Паланка - седиште на градската населба Бела Паланка,
- Општина Бабушница - седиште на градската населба Бабушница и
- Општина Димитровград - седиште на градската населба Димитровград.
Седиште на округот е градот Пирот. Има вкупно население од 92.277 (попис од 2011 година).
Пирот првпат се споменува во II век. Во негова близина се наоѓа црквата Св. Петка од XIII век, а манастирот Св. Јован Богослов, од крајот на 14 век, е пример за средновековна српска архитектура.
Лековитата вода од Звоначка бања, климатско лечилиште, се користи уште од античко време, а природните убавини на овој крај се познати низ Србија.
Ќилимарството (ткаењето, денес и гранка на индустријата) е најстариот занает што го прославил Пирот ширум светот. Пиротскиот крај е познат и по овчиот кашкавал (Пиротски кашкавал) и млечниот производ, вурди, а од неодамна и по пегланиот колбас.
Најголем дел од капацитетите на стопанските колективи на Пирот се наоѓаат во индустриската зона.
Поврзано
[уреди | уреди извор]
| |||||||||||||||||||||
