Пиратска партија (Шведска)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Pirate Party
Piratpartiet
Водач Ана Троберг[1]
Генерален секретар Јан Линдгрен
Основана 1 јануари 2006 (2006-01-01)
Штаб piratpartiet.se
Младина Млади Пирати
Идеологија Пиратска политика,
Слобода на информирање
Меѓународна припадност Меѓународни пиратски партии
Европска припадност None
Европски парламент Зелени - Европска слободна алијанса
Бои Purple
Parliament:
0 / 349
Европски парламент:
2 / 20
Мрежно место
http://www.piratpartiet.se/
Политика на Шведска
Партии
Избори

Пиратската партија (шведски: Piratpartiet) е политичка партија формирана во Шведска во 2006 година. Сега таа во Шведска е трета по број на членови. Нејзината популарност влијаеше на зголемувањето на популарноста и на другите партии во другите земји со исти или слични цели. Формирана е Меѓународна пиратска партија.

Партијата тежнее кон реформа во законодавството према авторските права и патентите. Агендатата подразбира подршка на правото на приватност, како на интернет така и во секојдневниот живот, и транспарентност на државата и администрацијата.[2]

Партијата учествувала на изборите за парламент на Шведска во 2006 година и освоила 0,63% гласови со што постанала трета партија по бројот на гласови надвор од парламентот. По бројот на членови ја престигнала Партијата на Зелените во декември 2008 година, а партијата на левицата во февруари 2009, либерално демохристијанската партија во април 2009[3], а партијата на центарот во мај 2009 година, со што постанала трета партија по бројот на членови во Шведска. Организацијата на Млади Пирати која е подмладок на Пиратската партија е најголема организација на млади по својот број. На изборите за европскиот парламент во 2009 година Пиратската партија добила 7,13% од гласовите што резултирало со еден мандат во Европскиот парламент, а две доколку се ратификува Лисабонскиот договор.[4][5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Rick Falkvinge - After five years I'm stepping down as Party Leader
  2. – Ledarredaktionen, Dagens Nyheter. „The Pirate Party | Piratpartiet“. Piratpartiet.se. http://www.piratpartiet.se/international/english. конс. 8. 6. 2009. г. 
  3. Result of Verdict, for the Pirate Party. Blog Pirate. April 17, 2009.
  4. Röster - Val 2009
  5. Stockholm TT (4. 6. 2009.). „Piraterna in i EU-parlamentet | Inrikes | SvD“ (на (шведски)). Svd.se. http://www.svd.se/nyheter/inrikes/artikel_3027135.svd. конс. 8. 6. 2009. г.