Прејди на содржината

Пиратите од Карибите: Проклетството на Црниот бисер

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Пиратите од Карибите: Проклетството на Црниот бисер“
Плакатот на македонски јазик
РежисерГор Вербински
ПродуцентЏери Брукхајмер
СценаристПриказна:
Тед Елиот
Тери Росио
Стуарт Бити
Џеј Волперт
Сценарио:
Тед Елиот
Тери Росио
Главни улогиЏони Деп
Орландо Блум
Кира Најтли
Џефри Раш
Џек Давенпорт
Џонатан Прајс
МузикаКлаус Баделт
КинематографијаДариуш Волски
МонтажаКрег Вуд
Стивен Ривкин
Артур Шмит
Студио
ДистрибутерBuena Vista Pictures Distribution
Премиера9 јули 2003 г. (САД)
Времетраење143 минути[1]
Земја САД
Јазик
Буџет350 милиони долари[2]
Бруто заработка654,3 милиони долари
СледенПиратите од Карибите: Ковчегот на мртовецот

Пиратите од Карибите: Проклетството на Црниот бисер (англиски: Pirates of the Caribbean: The Curse of the Black Pearl) — американски филм од 2003 година, во режија на Гор Вербински. Главните улоги во филмот ги толкуваат: Џони Деп, Џефри Раш, Орландо Блум, Кира Најтли, Џек Девенпорт и Џонатан Прајс.[3] Во 2004 година, филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ во пет категории, а истата година ја освоил наградата на БАФТА во категоријата за најдобра шминка. Исто така, Џони Деп ја освоил наградата на МТВ (MTV Movie Awards) за најдобар глумец. Вкупно, филмот освоил 31 награда, а имал 93 номинации за разни награди.[4]

Содржина

[уреди | уреди извор]

Пиратите предводени од капетанот Џек Спароу украле ковчег со златници од времето на Ацтеките и поради тоа биле проколнати така што се претвораат во чудовишта. Од проклетството се спасил само Џек Спароу (го игра Деп), благодарение на тоа што неговиот прв помошник, Барбоса (го глуми Раш), организирал бунт на бродот „Црниот бисер“, оставајќи го Спароу на еден пуст остров. Пиратите мораат да го најдат синот на пиратот Вилијам Тарнер, кој го поседува последниот златник од ковчегот и чија крв може да го тргне проклетството. Затоа, тие напаѓаат една англиска тврдина и притоа, наместо синот на пиратот, ковачот Вил Тарнер (го игра Блум), по грешка ја заробуваат ќерката на гувернерот на тврдината, Елизабет (ја игра Најтли). Истовремено, во тврдината е затворен Спароу, но него го ослободува ковачот Тарнер, со цел да го однесе на островот каде се кријат пиратите. Спароу и Тарнер успеваат да украдат брод, а потоа наоѓаат и морнари и одат на островот. Таму, пиратите пролеваат крв од Елизабет, но не успеваат да ја поништат магијата. Тарнер ја спасува саканата девојка, но го остава Спароу на милоста на пиратите. За кратко време, пиратите повторно го заробуваат бродот на кој се наоѓаат Тарнер, Елизабет и морнарите при што ги оставаат Елизабет и Спароу на пуст остров.
Сепак, таму пристигнува брод на англиската морнарица и Елизабет и Спароу се спасени. Тогаш, Елизабет бара од капетанот на бродот, Норингтон (го игра Девенпорт) да тргне во потрага по Тарнер, ветувајќи дека ќе се омажи за него. Така, англиската војска оди на островот каде се кријат пиратите на Барбоса. Таму, Спароу со лукавство успева да украде еден златник од проклетото богатство, со што станува бесмртен, а потоа го убива Барбоса, додека англиската војска ги убива останатите пирати. Кога се враќаат во тврдината, Спароу е осуден на смртна казна, но од самата бесилка го спасува Тарнер. Спароу успева да избега, а Елизабет признава дека го сака Тарнер, откажувајќи ја свршувачката со Норингтон.[5]

Глумец Улога
Џони Деп капетан Џек Спароу
Орландо Блум Вилијам „Вил“ Тарнер
Кира Најтли Елизабет Свон
Џефри Раш капетан Хектор Барбоса
Џек Давенпорт комодор Џејмс Норингтон
Џонатан Прајс гувернер Ведерби Свон
Кевин Макнали Џошами Гибс
Зои Салдана Анамарија
Ли Аренберг Пинтел
Макензи Кук Рагети
Дејвид Бејли Котон
  1. „Pirates of the Caribbean - The Curse of the Black Pearl“. British Board of Film Classification. July 10, 2003. Архивирано од изворникот October 18, 2015. Посетено на February 7, 2015.
  2. Kornits, Dov (8 May 1999). „eFilmCritic – Director, Vincenzo Natali – Cube. eFilmcritic.com. Архивирано од изворникот 29 May 2013. Посетено на 17 September 2012.
  3. IMDb, Pirates of the Caribbean: The Curse of the Black Pearl (2003) (пристапено на 3.2.2017)
  4. IMDb, Pirates of the Caribbean: The Curse of the Black Pearl (2003) Awards (пристапено на 3.2.2017)
  5. IMDb, Pirates of the Caribbean: The Curse of the Black Pearl (2003) (пристапено на 3.2.2017)