Пираноза
Изглед
Пираноза е збирен израз за јаглехидрати коишто имаат хемиска структура која вклучува шестчлен прстен составен од пет јаглеродни атоми и еден кислороден атом. Името произлегува од неговата сличност на кислородното хетероциклично соединение пиран.
Формирање на пираноза
[уреди | уреди извор]Пиранозниот прстен е формиран преку реакција на хидроксилната група на јаглеродниот атом 5 (С-5) од еден шеќер со алдехидот на јаглеродниот атом 1. Ова образува внатремолекулски хемиацетал. Ако реакцијата е меѓу C-4 хидроксилната група и алдехидот, тогаш се формира фураноза. Пиранозната форма е термодинамички постабилна од фуранозната, што може да се види од дистрибуцијата на овие две циклични форми во раствор.
Оваа статија од областа на биохемијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|