Пипин Херисталски
Пипиниди
|
Арнулфинзи
|
Каролинзи
|
По Верденскиот договор (843)
|
Пипин од Херистал, односно Пипин Херисталски, (635/45 – 16 декември 714) бил мајордом на палатата на Австразија од 680 до неговата смрт и на палатата на Неустрија и Бургундија од 687 до 695. Тој исто така бил и првиот мајордом кој владеел како Војвода и принц на Франките и ги засенил меровиншките мрзливи кралеви.
Животопис
[уреди | уреди извор]Пипин, понекогаш нарекуван Пипин II и Пипин Средниот му бил внук и имењак на Пипин I Стариот произлезен од бракот на ќерката на Пипин I Бега и Ансегизел, синот на Арнулф од Мец. Овој брак ги обединил двете династии - Пипиниди и Арнулфинзи кои ја создале династијата на Каролинзите. Пипин II веројатно е роден во Херстал (поранешно име: Херистал), денешна Белгија (каде бил и центарот на неговата моќ), од каде и потекнува прекарот ("Херисталски").
Како мајордом на Австразија, Пипин и Мартин, војводата од Лан, се бореле со неустрискиот мајордом Еброин. Еброин ги поразил Австразијците кај Лукофао, близу Лан) и малку му недостигало да ги обедини сите Франки под еден владетел; сепак, тој бил убиен во 681, паѓајќи како жртва од комбинираните напади на неговите бројни непријатели. Пипин веднаш направил примирје со неговиот наследник, Варатон.
Сепак, наследникот на Варатон, Бертар, и неустрискиот крал Теодорих III, кој, од 679, бил именуван крал на сите Франки, направил војна во Австразија. Кралот и неговиот мајордом целосно биле поразени во Битката кај Тертри во 687. Бертар и Теодорих се упатиле накај Париз, но по нив дошол Пипин и веројатно ги натерал да потпишат мировен договор под услов Бертар да ја напушти функцијата. Пипин бил прогласен за мајордом на сите три кралства (Австразија, Неустрија, и Бургундија) и почнал да се нарекува Војвода и принц на Франките (dux et princeps Francorum).
Следните неколку години Пипин ги поразил Алеманите, Фризите, и Франконците кај кои извршил франкиско влијание. Во 695, Дрого го поставил на местото мајордом на Бургундија а неговиот друг син, Гримоалд, станал мајордом на Неустрија.
Брак и потомци
[уреди | уреди извор]Околу 670, Пипин се оженил со Плектруда. Таа била мајка на Дрого Шампањски и на Гримоалд II, од кои и двајцата починале пред својот татко.
Пипин имал и љубовница која се викала Алпаида (или Халпаида) која му родила уште два сина: Карло и Хилдебранд. Токму пред смртта на Пипин, Плекктруда го убедила да ги остави без наследство синовите од љубовницата во полза на неговиот внук Теудоалд, синот на Гримоалд, кој сè уште бил млад (и под влијание на Плектруда). Пипин умрел ненадејно на постара возраст на 16 декември 714, во Жупиј (денешна Белгија). Неговите легитимни внуци тврделе дека се единствените вистински наследници на Пипин и со помош на Плектруда се обиделе да ги задржат позициите на мајордоми на палатата. Сепак, благородниците биле наклонети кон Карло, особено поради неговите добри воени вештини и поради тоа што им освојувал богатства стекнати во битките. И покрај напорите на Плектруда да го замолчи обидувајќи се да го отруе, тој станал единствениот мајордом на палатата – и ’’де факто’’ владеел со Франкија – после граѓанската војна која траела повеќе од три години по смртта на Пипин.
Извори
[уреди | уреди извор]- Oman, Charles. The Dark Ages 476–918. London: Rivingtons, 1914.
- Wallace-Hadrill, J. M., translator. The Fourth Book of the Chronicle of Fredegar with its Continuations Архивирано на 3 февруари 2006 г.. Connecticut: Greenwood Press, 1960.
- Bachrach, Bernard S., translator. Liber Historiae Francorum. 1973.
Пипин Херисталски Роден(а): 635 Починал(а): 714
| ||
Претходник Вулфоалд |
Мајордом на палатата на Австразија 680–714 |
Наследник Теудоалд |
Претходник Бертар |
Мајордом на палатата на Неустрија 688–695 |
Наследник Гримоалд Помладиот |
Мајордом на палатата на Бургундија 688–695 |
Наследник Дрого | |
Претходник New title |
Војвода на Франките 687–714 |
Наследник Карло Мартел |
|
|