Пионир 1

Од Википедија — слободната енциклопедија

Пионир 1/Ејбл 2 (ang.Pioneer 1/Able 2) беше втората и најуспешната од трите вселенски сонди од броектот Ејбл (Able). 34.20 килограми тешкото летало беше многу слично по дизајн со Пионир 0. Требаше да ја проучува јонизирачкото зрачење, космичките зраци, магнетните полиња и микрометеоритите во близината на Земјата и во орбитата на Месечината.

Лансиран беше на 11 октомври 1958 од Кејп Канаверал

Тек на мисијата[уреди | уреди извор]

За време на мисијата, вториот стадиум на Тор ракетата се исклучи 10 секунди порано поради погрешна информација од мерачот на забрзувањето. Поради тоа, леталото не доби доволна брзина за да избега од Земјината гравитација. обидот за внесување на леталото во висока орбита на 32.200х128.700 километри со користење на ретромоторот неуспеа, бидејќи внатрелните теператури паднаа доволно за да неможат батериите да обезбедат доволно енергија. Сепак, сондата успеа да дојде до висина од 115.400 километри до 12:42 часот, и да го потврди постоењето на појасот на Ван Ален и да се врати со други корисни податоци пред да се врати во атмосферата, 43 часа и 17 минути после лансирањето.

Мисијата се смета за делумно неуспешна: мало количество корисни податоци беше добиено, податоци кои покажаа дека зрачењето околу Земјата е во форма на појаси, и беа измерени ширините на истите, со што се створи слика за јонизирачкиот флукс, со што пак беа направени првите набљудувања на хидромагнетни осцилации на магнетното поле, и исто така беа направени првите мерења на густината на микрометеоритите и меѓупланетарното магнетно поле.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]