Прејди на содржината

Пинчер Мартин

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Пинчер Мартин“ (англиски: Pincher Martin) — роман на британскиот писател Вилијам Голдинг од 1956 година. Романот бил прогласен за книга на годината, а во САД, романот бил објавен со насловот „Двете смрти на Кристофер Мартин“ (The two deaths of Christopher Martin).[1]

Содржина

[уреди | уреди извор]

Дејствието на овој роман се одвива во време од неколку секунди додека трае давењето на Мартин, кој се наоѓа сам на една карпа во средината на Атлантскиот Океан. Во таа претсмртна борба, Мартин е соочен со изборот меѓу уништувањето и опстанокот, од една страна, и спасот и проклетството, од друга страна.Но, во борбата за преживување, разумот и умот не се доволни. На коментарите во врска со ова дело, Голдинг одговорил кратко: „Пинчер Мартин е просто во пеколот.“[2]

  1. Вера Чаповска, „Кон животот и делото на Вилијам Голдинг“, во: Вилијам Голдинг, Господарот на мувите. Скопје: Наша книга, 1984, стр. 212.
  2. Вера Чаповска, „Кон животот и делото на Вилијам Голдинг“, во: Вилијам Голдинг, Господарот на мувите. Скопје: Наша книга, 1984, стр. 212.