Пинцета

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пинцета

Пинцета[1][2] (француски: pincette) — вид на алатка - фаќалка.[3] Се состои од два еластични лоста меѓусебно поврзани од едната страна со нивните краеви. Пинцетите се користат за фаќање мали предмети, како и за оние што не треба да се допираат со раце.[4]

Историја на пинцетата[уреди | уреди извор]

Пинцетите се развиле од машите кои биле до огништата и шпоретите и со кои се прифаќале запалени и врели предмети во и околу огнот. Спаѓаат во рани медицински инструменти. Пронајдени се при многу археолошки ископувања кои датираат од времето пред нашата ера. Ги де Шолијак (втора половина на XIV век) ги советува хирурзите „со себе да носат“, покрај лекови, меѓу шесте хируршки инструменти и пинцета.[5]

Принципот на работа со пинцети[уреди | уреди извор]

Пинцетата е еден вид лост од трета класа. Се состои од два еластични краци поврзани во една точка - т.н. потпора. Прстите на раката се притискаат во средината на еластичните краци, со приближување кон кои индиректно, а не со рацете, се прифаќаат предмети.[6]

Видови и употреба на пинцети[уреди | уреди извор]

  • Хируршки инструмент за фаќање ткиво
  • Анатомска пинцета без заби
  • Козметички уред (кубење веѓи)
  • Пинцета во електронски и други индустрии
  • Пинцета во филателијата и нумизматиката
  • Пинцета во печатарство со која се извлекуваат букви и тенки празни места[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „пинцета“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „пинцета“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. 3,0 3,1 Група аутора, Мала енциклопедија Просвета, Просвета, Београд, 1959.
  4. Група аутора, Енциклопедија лексикографског завода, Југословенски лексикографски завод, Загреб, 1962.г.
  5. Станојевић В, Историја медицине, Медицинска књига, Београд-Загреб, 1953.г.
  6. Група аутора, Практичар, Школска књига, Загреб, 1971.г.