Пинска епархија
Писнка епархија — католичка епархија (диоцеза) во Белорусија со центар во градот Пинск. Таа зафаќа територија од 72.7 км2.[1] Таа е дел од Минско-Могиљовската архиепископија. Од 3 мај 2012 на чело на епархијата е епископот Антониј Демјанко. Помошен епископ бил Казимир Великоселец.
Историја
[уреди | уреди извор]Првиот обид за воспоставување на епархија со седиште во Pinsk беше направен во 1794 година од страна на могиљовскиот архиепископ С. И. Богуш-Сестренцевич. Сепак, во 1798 година папскиот нунциј во Русија Лоренцо Лита ја укинал епархијата како неканонско создадена. Истата година врз основа на папската була и кралскиот указ била основана од Минска римокатоличка епархија, во чии рамки беше вклучена и територијата на ликвидираната Писнка римокатоличка епархија.
Подоцна, во 1917 година беше изградена Минската епархија, но во почетокот на 1920-тите години нејзиниот епископ Зигмунд Лозински беше принуден да го напушти Минск и во потрага по ново живеалиште, тој остана во Пинск. На 28 октомври 1925 година, со апостолскиот устав "Vixdum Poloniae unitas" беше создадена Пинската епархија која всушност постоела до 1939 година и формално сè до 1946 година (времето на смртта на епископот). Епархијата билс управувана од страна на пинските бискупи: Зигмунд Лозински (1925-1932) и Казимеж Букураба (1932-1946).
Во 1991 година, епархијата беше обновена во границите на Брестската и Гомељската област, потчинета на Минско-Могиљовската архиепископија.
Структура
[уреди | уреди извор]Таа ја зафаќа територијата на Брестската и Гомељската област. Центарот се наоѓа во градот Пинск. Епархијата има 60 парохии. Нејзина катедрала е Катедралата на Вознесението на Пресвета Богородица со со почесен статус на мала базилика.
Деканати
[уреди | уреди извор]- Барановически (источен)
- Барановически (западен)
- Брестски
- Мозирски
- Пински
- Пружански
- Гомељски
Епископи
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Vatican Information Service Архивирано на 3 јули 2011 г.(англиски)