Пинк (Србија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Пинк телевизија)

Пинк телевизија е основана на 16 септември 1994 година како прва телевизија во Србија чија програмска шема се состојувала од исклучиво забавен карактер.

На почетокот вниманието се привлекуваше на серии и филмови од странска продукција и домашни забавни емисии, па од 2000 година почнаа со произведување на домашни ТВ Серии, како и остварување на појаки информативни редакции во земјата.

Филмски и сериски програм[уреди | уреди извор]

Од основувањето на телевизија Пинк, уредник на филмскиот и серискиот програм беше Роберт Немечек, сè додека во 2003 година, не го замени Младен Поповиќ, кој на оваа функција се задржа до почетокот на 2006 година. За време на Немечек, телевизија Пинк имаше сјаен филмски и сериски програм, и прикажуваше само најдобри блокбастери и актуелни серии како што се Досиеја Икс, Чикаго болница, Одел за убиства, Мерлоуз плејс, Ургентен центар, Пријатели, Неш Бриџис, Никита, 24, Сурова вистина, Чувари на плажата, Симпсонови, Волшебнички и многу други. Додека уредник беше Поповиќ гледачите можеа да ги следат епизодите на сериите: Девојките Гилмор, Очајни Домаќинки, Изгубени, Смолвил, Џои, Округот Оринџ, Браќа по оружје и други.

Неизбежен жанр на Пинк телевизија се и теленовелите. Од своето основување на телевизијата Пинк прикажуваше само најквалитетни теленовели од продуцентската куќа Телевиса, Телемундо и ТВ Ацтека, па денес тие станаа главен зачин на секојдневниот програм. Некои од најгледаните серии емитувани на Пинк се: Злобница, Есмералда, Љубовни врски, Право на љубов, Руби, Алборада, Срце во пламен, Скриени Страсти, Вистинска љубов и така натаму.

На телевизијата Пинк се емитуваат и домашни серии кои ги произведуваше Пинк, а тоа се Мешан брак и Љубов, навика, паника, како и најновата Љубов и омраза. На оваа телевизија исто така се емитуваа и хрватски серии и теленовели, како Вила Марија, Љубов во офсајд, Обични луѓе, Заговор, и најновата Гордоста на Раткаеви.

ТВ Пинк во составот на „Pink International Company“[уреди | уреди извор]

Телевизии кои се емитуваат преку кабелски телевизии и сателити[уреди | уреди извор]

  • Pink Movies - канал кој емитува странски филмови и серии.
  • Pink Film - канал кој емитува филмови и серии од просторот на Бивша Југославија.
  • Pink Kids - канал на кој се емитува детски програм.
  • Pink Music - канал на кој се емитуваат музички спотови и емисии.
  • Total Pink - канал на кој се емитува "најдоброто" од комплетната продукција на Пинк.
  • Pink Plus - општ канал претежно наменет за дијаспората.
  • Pink Extra - канал на кој сега се емитуваат разни содржини, како спорт, музика и серии.
  • Pink News - информативен канал (во фаза на тестирање - најавен за крајот на 2007 година).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]