Пинакотека Брера
Пинакотека Брера | |
---|---|
Pinacoteca di Brera | |
Дворецот Брера | |
Општи податоци | |
Стил | Барокна архитектура, Неокласицистичка архитектура |
Град | Милано, улица Брера 28 |
Земја | Италија |
Завршена | 1776 |
Портал | |
www.brera.beniculturali.it |
Пинакотека Брера (италијански: Pinakoteka Brera) — главна јавна галерија на збирки слики во Милано, Италија. Содржи една од главните збирки на италијанското сликарство и е дел од културната програма на Уметничката академија на Брера, со која го дели просторот во дворецот Брера.
Историја
[уреди | уреди извор]Дворецот Брера своето име му го должи на германското braida, што означува тревна област во месна структура: на пример Бра во Верона. Манастирот на местото бил језуитски од 1572 година, а потоа бил подложен на коренита обнова предводена од Франческо Марија Ричини (1627-1628). Кога језуитите биле распуштени во 1773 година, дворецот станал седиште на астрономската опсерваторија и Националната библиотека Брајденс, основана од језуитите. Во 1774 година бил додаден хербариумот на новата ботаничка градина. Зградите биле доградени според плановите на Џузепе Пјермарини, кој бил назначен за професор на Академијата кога официјално била основана во 1776 година, а декан станал Џузепе Парини. Пјермарини на академијата предавал 20 години додека ги надгледувал проектите за урбанистичко планирање на градот како што се јавните градини (1787–1788) и плоштадот Фонтана (1780–1782).
Со цел подобро поучување за архитектурата, вајарството и другите уметности, академијата, на иницијатива на Парини, обезбедила збирка дела засновани на антички примери, неопходни за проучување на рафинираниот неокласицизам за студентите. За време на наследникот на Парини, игуменот Карло Бјанкони (1778–1802) и уметникот Џузепе Боси (1802–1807), Академијата ги стекнала првите слики за својата пинакотека за време на прераспределбата на делата од италијанската уметност што го одликувале наполеоновиот период. Sposalizio на Рафаел (Венчавката на Богородица) била клучна слика на раната збирка и Академијата го проширила своето културно подрачје за да вклучи соработници од Првото Француско Царство: Давид, Пјетро Бенвенути, Винченцо Камучини, Антонио Канова, Бертел Торвалдсен и археологот Енио Квирино Висконти. Во 1805 година, под водство на Боси, била организирана низа годишни изложби со систем на награди, конкуренција со Парискиот салон, што служеле да го идентификуваат Милано како културно средиште за современо сликарство во Италија до 19 век. Академијата извршила влијание врз јавните споменици со уметничкиот комитет Commissione di Ornato, како претходник на денешната Sopraintendenza delle Belle Arti. Романтичната ера била сведок на триумфот на академската историја на сликарството, водена на Академијата од Франческо Хајез и воведувањето на пределот како прифатлив академски жанр, вдахновен од Масимо Д'Азељо и Џузепе Бизи, додека Академијата се поместила во правец на наставна институција за историја на уметноста. Така, во 1882 година, сликарската галерија била одвоена од Академијата.
Од 1891 година, изложбите се одржувале на секои три години, а архитектонските проекти развиле свој независен пат. За време на авангардата, кога модернизмот добива на сила, директорот на академијата, Камило Боита, го имал Лука Белтрами како студент, а Чезаре Талоне ги учел Карло Кар и Ахил Фуни.
Опсерваторијата Брера била домаќин на астрономот Џовани Скјапарели четири децении, а Орто Ботанико ди Брера е историска ботаничка градина која се наоѓа зад пинакотеката.
Градба
[уреди | уреди извор]Дворецот првично била изграден во барокен стил, а потоа во 18-ти век бил обновен во неокласицичски стил кој бил популарен во времето на Марија Тереза. Порталот опкружен со камени столбови води до правоаголен внатрешен двор, во чија средина стои бронзена статуа на Наполеон изработена од Антонио Канова во 1809 година. Меѓу столбовите во дворот има уште неколку статуи на уметници, научници и покровители.
Во дворецтот, покрај галеријата, сместени се и други културни установи - библиотека, астрономска опсерваторија и уметничката академија Брера, која официјално е основана од академскиот професор Џузепе Пјермарини во 1776 година и сè уште се смета за најпрестижно уметничко училиште во Италија.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Марија со Младенецот и ангели, Андреа Мантења, околу 1485
-
Оплакување Христово (Мантења), Андреа Мантења, околу 1480
-
Распетие, Брамантино, околу 1515
-
Венчавката на Богородица, Рафаел, околу 1504
-
Марија и Јован со мртвиот Христос, Џовани Белини, околу 1460
-
Мадона Брерска, Пјеро дела Франческа, околу 1472-1474
-
Бакнеж, Франческо Хајез, околу 1859
-
Авраам ја протерува Агара, Гверчино, околу 1657
-
Христос кој страда, Донато Браманте, околу 1490
-
Смртта на Клеопатра, Гвидо Кањачи,
-
Андреа Дорија како Нептун, Ањоло Бронцино, околу 1550-1555
-
Олтарот на Св. Лука, Андреа Мантења, 1453
-
Пронаоѓањето на телото на Св. Марко,Тинторето, околу 1548
-
Самарјанка кај бунарот, Анибале Карачи
-
Тајната вечера, Рубенс, 1630-1631
-
Почит на тројцата кралеви, Антонио да Кореџо, околу 1518
-
Триптих од Брера, Јан де Бер, околу 1515
-
Портрет на дама, Антонис ван Дајк, околу 1634-1635
-
Пол де Пол, Лоренцо Лото, околу 1543
-
Вечера во Емаус, Караваџо, 1606
-
Св. Хиеронимус, Тицијан, околу 1560
-
Портрет на грофот Антонио Порсија, Тицијан, околу 1548
-
Марија со Младенецот, Џовани Белини, околу 1510
-
Св. Елена и Барбара на крстот, Тинторето
Извори
[уреди | уреди извор]- Brera Gallery official website Архивирано на 21 февруари 2016 г.
- Accademia di Brera official website
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Пинакотека Брера на Ризницата ?
- Матична страница