Пика

Од Википедија — слободната енциклопедија

Пиката (Ochotona), позната и како свиркач, е тревојадно животно и спаѓа во иста група со зајците. Сепак, не трча како зајак: прави мали скокови и не се движи многу. Тоа е мало животно со мали ноџиња, кое живее во мали семејни групи, во дувло направено меѓу камењата и корењата на некое дрво. На тибетски јазик „пика“ значи „зајак свиркач“.