Пиза (покраина)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Покраината Пиза (италијански: provincia di Pisa) е покраина во регионот Тоскана - централна Италија. Главен град е Пиза. Има површина од 2448 квадратни километри и вкупно население од 421.642 жители (во 2014 г.). Се наоѓа на второ место според број на жители и на петто место по површина меѓу покраините во Тоскана. Поделена е на 37 општини.[1][2]

Нејзината историја датира од времето на Етрурците и Феникијците, а покраината поседувала голема моќ и влијание на Медитеранот во 12 и 13 век. Пиза, главниот град на покраината, е познат по својата крива кула и други историски знаменитости кои ги привлекуваат туристите.

Историја[уреди | уреди извор]

Оваа област има долга поморска историја уште од времето на Етрурците, Феникијците и Галите. За време на Римското Царство, водела поморски битки против Лигурите, Галите и Картагинците, во 180 п.н.е. станувала римска колонија, а за време на Јулиј Цезар стекнувала колонијална независност. По падот на Римското Царство, Пиза успешно се спротивставувала на сараценските пирати поради комплексниот речен систем кој го поседувала. Во 871 година, пизанските трупи помогнале во одбраната на Салерно од Маврите.[3]

Во 11 век, Пиза станала република, а зенитот го достигнала во 12 и 13 век кога западниот Медитеран бил под контрола на нејзината морнарица. Како поморска република, моќта ѝ се протегала многу подалеку од италијанскиот полуостров. Прво била сојузник, а потоа ривал на Република Џенова, по што претрпела пораз во битката кај Мелорија во 1284 година. Како резултат на тоа, почнала да слабнее и во 1406 година била припоена кон Фиренца и во 16 век станала дел од Големото Војводство Тоскана. Во 20 век, Пиза прилично настрадала од сојузничките бомбардирања и нацистичките репресалии.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Provincia di Pisa“ (италијански). Stat AdminStat.
  2. „Statistiche“. Upinet. Архивирано од изворникот на 7 August 2007. Посетено на 26 September 2014.
  3. 3,0 3,1 „Fotografie storia dei comuni e frazioni Provincia di Pisa“ (италијански). amapisa.it. Архивирано од изворникот на 27 September 2014. Посетено на 27 September 2014.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]