Шапка (планина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Шапка
Πιέρια
Шума на падините на Шапка
Највисока точка
Надм. вис.2.193 м
Географија
Шапка на карта

Карта

МестоЕгејска Македонија (денес во Грција)
Матичен венецприродна граница меѓу Централна и Западна Егејска Македонија

Шапка (грчки: Πιέρια, Пиерија) — планински венец во јужниот дел на Егејска Македонија, на територијата на Берско, Катеринско и Кожанско (денешните окрузи Иматија, Пиерија и Кожани[1]). Највисока точка е врвот Бајрак (гр. Фламбуро) со 2.193 м. Има издолжен облик, образувајќи долг тесен гребен, во правец североисток-југозапад.

Географски и историски одлики[уреди | уреди извор]

Прекриена е со мешана листопадна и зимзелена шума и претставува една од најбогатите планини со растителност во денешна Грција, како и една од најпристапните.[1]

На подножјето на Шапка се наоѓа познатото село Кутлеш и остатоците од древната македонска престолнина Ајга.

Рекреација[уреди | уреди извор]

На Шапка е сместен скијачкиот центар Скутерна (гр. Елатохори).

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Πιέρια όρη - www.ritini.gr“. Архивирано од изворникот на 2014-01-12. Посетено на 2015-12-05.