Пивска продавница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пивски шишиња и чаши во пивска продавница

Пивска продавница — продавница во којашто се продава пиво и поврзани производи. Пивски продавници постојат насекаде во светот, но во поголем број се застапени во познатите пивски земји, како што се Белгија, Германија и Англија. Пивските продавниици се разликуваат по својата големина и може да се сместени долж улици или во стоковни куќи. Во нив обично се нуди широк избор на пива. Некои нудат само локални пива коишто се добро познати во локалното подрачје, додека други нудат и странски пива, вклучувајќи и познати пива ширум светот.

Поради зголеменото присуство на пазарот на претпријатија кои произведуваат пиво во помали количини, многу пивски продавници се снабдуваат со залихи на пиво токму од ваквите претпријатија. Некои пивски продавници, пак, се занимаваат со продажба на бардаци, односно пивски шишиња со голема зафатнина кои служат за превезување на пиво.[1]

Некои пивски придавници исто така може да нудат вкусување на пиво, одржување часови по производство на пиво, како и посебни производи како што се пивски џем, пивско чоколадо или жестоки пијалаци. Продавниците се главно опремени со обучени вработени и пивски стручњаци со напредно познавање од областа на пивото.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Stamm, John (22 March 2015). „Collierville adjusts beer law for growler shop“. The Commercial Appea]. конс. 18 декември 2015. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]