Пикер (ракомет)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Пивот (ракомет))
На шемата на која е прикажана „одбрана 5-1“ пикерот во напад ја зазема позицијата Р (црвено), а во одбрана ВС (сино)
На шемата на која е прикажана „одбрана 6-0“ пикерот во напад ја зазема позицијата Р (црвено), а во одбрана ВС (сино)

Пикер или пивот – во ракометот играчот кој при напад се поставува во зоната на 6 метри и се обидува да ја наруши одбраната поставувајќи блокови за своите соиграчи, пред сè за бековите. Во одбрана се поставува наспроти противничкиот пикер. Оваа позиција од играчот не бара скокачки способности, туку контрола на топката и физичка снага.

Позициониран во срцето на противничката одбрана, пикерот има за цел да ги задржи противничките одбранбени играчи на линијата на 6 метри или да ги блокира со своето тело, или да ги одвлече на друга страна, и со тоа да им овозможи на бековите од неговиот тим простор за удар кон противничкиот гол. Исто така при нападот се движи по линијата на 6 метри обидувајќи се да се ослободи од противничките играчи, односно „да се открие“ за да може неговите соиграчи да го проиграат и да дојде во ситуацијата да упати удар кон противничкиот гол.

Во стандардна формација на оваа позиција игра еден играч, но во одредени случаи можно е екипата да користи двајца пикери во напад. Исто така, честопати одредени крилни играчи повремено се уфрлуваат на позицијата на пикер.

Познати пикери (мажи)[уреди | уреди извор]

Познати пикери (жени)[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]