Пивара Битола

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пивара Битола
ДејностАлкохолни пијалаци
Основано1972
Седиште,
ПроизводиПиво
СопственикМарди Доо

Пивара Битола — македонско акционерско друштво изградена во седумдесеттите години на XX век, поточно во 1972 година во рамките на големиот земјоделско-индустриски комбинат ЗИК „Пелагонија“, при што во овој период во Битола и Прилеп се отворени и постоеле индустриски погони за сладирање на јачменот за производство пиво, т.н. сладари.[1] Пред четириесетина години започнало и индустриското производство на пиво во овој град, со изградбата на Битолската пивара. Во текот на тридецениското постоење во овој наш индустриски капацитет се изградила основата на она што денеска се нарекува ПИВАРА БИТОЛА.Од 2010 година Пиварата се наоѓа во приватна сопственост на Марди Доо.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Според кажување на Пеце, технолог во Пивара Битола. Забележал Марио Шаревски при посета во јули 2007 година