Пејзаж (Спироски)

Од Википедија — слободната енциклопедија


Пејзаж
Творец Перо Спироски
Година 1977
Димензии 60 см × 80 см
Место Народен музеј - Битола

Пејзаж – слика од Перо Спироски. Сликата е масло на платно, завршена во 1977 година со димензии 60 х 80 см и се наоѓа во Музејот на Битола.

Опис[уреди | уреди извор]

На сликата „Пејзаж“ претставен е пејзаж насликан не реалистички, туку со помош на густи нанесувања на бојата со шпакла без употреба на четка. Сликата е поделена на два дела. Во долниот дел, којшто е помал од горниот, од едниот до другиот крај на сликата е претставена вода – езеро, а нешто погоре од крајниот долен дел на сликата, во водата се насликани вертикално исправени растенија слични на трски. Насликани се не реалистички, како што се во природата, туку како што ги замислил авторот со брзи потези на шпаклата и со нанесување на погуст слој боја. Водата, езерото, се спојува со небото кон една третина од долната страна на сликата. Небото е исто така брзо насликано, немирно, енергично со нанесување на слоеви густа боја кои во долниот дел од небото асоцираат на облаци. По начинот на изработката – слободно и без обраќање на реалистички детали, сликата спаѓа во доменот на импресионистичкото сликарство што значи – едноставно, брзо, непосредно сликање на впечатокот, сличен на сон, сон на вода, езеро, трски во водата и немирно небо.[1]

Авторот со искрениот пристап создава дело кое е лично доживување на еден летен ден, доловен со ритам на потезите, со радост на создавањето, со размислување за хармонијата во природата, помеѓу водата, растителниот свет, небото.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]