Црква „Св. Архангел Михаил“ - Радожда

Од Википедија — слободната енциклопедија
Архангел Михаил
македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Струшко
Парохија Трета струшка
Местоположба

Карта

Место Радожда
Општина Струга
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Архангел Михаил
Архитектонски опис

Свети Архангел Михаилпештерна црква во струшкото село Радожда[1]. Во еден од најубавите предели на западниот брег на Охридското Езеро, над с. Радожда. Црквата е посветена на Архангел Михаил.

Историја[уреди | уреди извор]

Фреска на Св. Архангел Михаил од црквата со претстава на сцена од циклусот "Чудото во Хона"
Фрески во црквата

Најголемиот дел од откриените фрески потекнуваат од XIV век, а посебно се истакнува единствената сочувана композиција од XIII век, со претстава "Чудото во Хона" - насликана во чест на патронот кому е посветена црквата.

Зографот што го насликал овој лик ни се прикажува не само како надарен мајстор, туку и напреден творец кој ги излага новите непознати уметнички идеали - внесувајќи во ликот внатрешна сугестивност.

Оваа пештерна црква повторно е живописана кон крајот на XIV век, кога во Охрид и околината никнуваат многубројни споменици, придружени со процутот на сликарските работилници.

Нема сомнение дека помладиот слој живопис на Свети Архангел Михаил од пештерната црква е едно од последните дела на Охридската сликарска школа од XIV век.

Ноќта помеѓу 12 и 13 ноември 2011 г. имало и обид за кражба во црквата, каде сторителот извршил пребарување, а откако не одзел ништо го напуштил местото.[2] Истата ноќ, во другата селска црква „Св. Никола“ била извршена тешка кражба, каде биле украдени 12 вредни икони кои потекнуваат од XIX век како и еден сребрен крст со подлошка.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Струшко архијерејско намесништво“. Дебарско-кичевска епархија. Архивирано од изворникот на 2014-03-04. Посетено на 2010-05-17.
  2. Аритоновска, Нина (14 ноември 2011). „Ограбени цркви во струшко Радожда“. Сител. Посетено на 2011-11-15.
  3. Момировски, Горан (14 ноември 2011). „УКРАДЕНИ 12 ИКОНИ И СРЕБРЕН КРСТ ОД ЦРКВАТА ВО РАДОЖДА“. Телма. Посетено на 2011-11-15.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]