Градац (пештера)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Пештера Градац)
Пештерата Градац

Пештерата Градац е пештера која се наоѓа во близина на Баточина. Оваа пештера е од времето на палеолитот, која и настанала околу 25.000 година п.н.е. Претставува еден од најстарите локалитети во Србија и едно од првите места на праживот во Србија. Локалитетот е мустериерско наоѓалиште (културата Мустериер е именувана по пештерата фр.da Moustier, на бреговите на Везер во Дордоња), пронајдени се троаглести шилци, издолжени стругалки, листовидни делтоидни шилци, како и 2 огништа (жаришта ).[1]

Археолошки истражувања[уреди | уреди извор]

Јеринино Брдо

Пештерата под ридот Јерина, во селото Градац и пештерата Рисовача (недалеку од Аранѓеловац ) се систематски истражени локалитети од палеолитскиот период. Врз основа на пронајдениот археолошки материјал може да се реконструира животот на тогашните заедници на луѓе на централниот балкански простор.

Пештерата Градац (како и Рисовача) била населувана во неколку наврати. Наодите од постарите слоеви покажуваат дека била населена на почетокот на првиот период на растопување на вирмската глацијација (стара теорија на глацијали )германски: interstadial Würm 1/2. Во овој период имаме присуство на крупни тревопасни животни како џиновски елени и диви коњи .

Палеолитска заедница[уреди | уреди извор]

Во пештерата живеела човечка заедница која броела околу 15 членови (се претпоставува дека се состоела од една до три биолошки семејства). Тие се занимавале со лов, што докажува изобилството на коски од животни пронајдени покрај огништето, како и со собирање на плодови. Пронајдени се и шилци од кремен и дисковидни стругалки. Архаичните форми на оваа оружје се поврзуваат со доцната мустеријанска култура. Покрај кремено се изработувало и оружје од коски, кое е карактеристично за оваа поднебје.

Антрополошки материјал[уреди | уреди извор]

Антрополошкиот материјал не е богат. Пронајдените остатоци од човечки катник ги покажуваат антрополошките одлики на современиот човек, латински: Homo sapiens-а.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пећина Градац“. Завод за заштиту споменика културе Крагујевац. Посетено на 7. 1. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)

 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]