Пештера Барадла

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пештера Барадла
Светско наследство на УНЕСКО
Minerva sisakja.jpg
"Шлемот на Миневра" во пештерата Барадла
КритериумПештера: Природна: (viii)
Координати48°28′00″ СГШ; 20°30′00″ ИГД / 48.4667° СГШ; 20.5° ИГД / 48.4667; 20.5

Пештерскиот систем Барадла Домика во Унгарија е еден од најдолго истражуваните пештерски системи, кој бил посетуван со векови наназад, поради својот раскошен пештерски накит.[1] Како дел од Агтелековиот карст, пештерскиот систем се протега на повеќе од 25.5 километри, а во системот е вклучена и пештерата Домика, долга 5.3 километри. Пештерата има природен влез од Агтелек, во подножјето на високата бела карпа која гледа кон работ на селото. Таа има артикулиран главен ходник, долг 7 километри, со карпест тунел кој е широк околу 10 метри и висок 7-8 метри, со неколку огромни пештери. Главниот ходник е поврзан со неколку пократки и подолги странични гранки. Голем дел од пештерата е обоен во разни бои и има разни пештерски формации, кои прават неспоредлив спектакл на декоративни сталактити. Подземните речни води минуваат низ главниот ходник во време на поплави. Природните влезови во пештерата биле отворени од најстарите времиња, а има и археолошки пронајдоци од неолитскиот период.[2]

Првото пишано споменување на пештерата датира од 1549 година, а првото истражување било направено во 1794 година од страна на Јозеф Сартори. Во 1825 година, било истражен и познат само околу 1.8 километри од ходникот. Овој дел бил истражен во 1802 година, и тогаш била објавена првата мапа. Во 1825 година, инженерот Имре Вас ја истражил пештерата уште 5 километри долж главниот ходник, и направил точна карта со опис. Неговото дело било објавено на унгарски и германски јазик, во 1831 година.[3]

Со цел да се олеснат посетите на пештерата, првите туристички прошетки биле организирани во 1806 година. Во 1890 година, биле направени влезови од Црвеното Езеро, а помеѓу 1927 и 1928 година, било направено понатамошно истражување и проширување.

Барадла и другите пештери од Агтелековиот карст и Словачкиот карст биле прогласени за Светско наследство на УНЕСКО во 1995 година.[4] Целиот пештерски систем и сливните подрачја, со блиските Домикавал мочуришта од меѓународно значење, биле ставени под заштита во 2001 година. Национален парк Агтелек е атракција преку целата година, популарен е меѓу туристите, кои можат да изберат од неколкуте пешачки патеки.[5]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Veress, Márton; Unger, Zoltán (2015) (на en). Landscapes and Landforms of Hungary. World Geomorphological Landscapes. Springer, Cham. стр. 167–175. doi:10.1007/978-3-319-08997-3_20. ISBN 9783319089966. https://link.springer.com/chapter/10.1007/978-3-319-08997-3_20. 
  2. Molná; Mihá, r,; ly; Dezsö; Zoltá, ,; n; Istvan, Futo,; Sikló; и др. (1 април 2016 г) (на en). Study of radiocarbon dynamics of Baradla Cave, Hungary. 18. http://adsabs.harvard.edu/abs/2016EGUGA..1815278M. 
  3. Erzsebet, Kol, (1967 г). Algal growth experiments in the Baradla Cave at Aggtelek (Biospeleologica hungarica XXI) (на en). „International Journal of Speleology“ том  2 (4). doi:10.5038/1827-806X.2.4.18</p>. ISSN 0392-6672. http://scholarcommons.usf.edu/ijs/vol2/iss4/18/. 
  4. Centre, UNESCO World Heritage. „Caves of Aggtelek Karst and Slovak Karst“. whc.unesco.org. конс. 2018-05-27. 
  5. Borbás, Edit; Kovács, József; Fehér, Katalin; Vid, Gábor; Hatvani, István (1 декември 2011 г). Water chemistry analysis in the sediment of Baradla Cave, Hungary. „Central European Geology“ том  54: 367–380. doi:10.1556/CEuGeol.54.2011.4.5. https://www.researchgate.net/publication/258317755_Water_chemistry_analysis_in_the_sediment_of_Baradla_Cave_Hungary.