Пешкопеја

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Пешкопија)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Координати: 41°24′38″ СГШ; 20°15′16″ ИГД / 41.4106° СГШ; 20.2544° ИГД / 41.4106; 20.2544

Пешкопеја

Пешкопеја (албански: Peshkopi, месно на македонски Пискупија, средновековно име Пресоленград) — град во североисточна Албанија и административен центар на областа Дебар. Се наоѓа на 187 км од главниот град Тирана. Во минатото, па се до почетокот на XX век, бил населен со значаен број Македонци. Пешкопеја е важен индустриски центар во Албанија. Според податоците од 2004 г. во Пешкопеја живеат околу 14.000 жители. Градоначалник е Илир Кроси, избран во 2003 година.