Прејди на содржината

Печиво

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Печива)
Различни чајни печива.

Печиво — вид на храна која опфаќа различни производи на основа на тесто. Се припрема по пат на печење од различни видови брашно, вода, зачини и други додатоци. Може да биде слатко и солено, празно или во комбинација со различни додатоци (како сирење, мармалад, мак).

Видови печива

[уреди | уреди извор]
Пекарски производи

Примери за печиво се кифла, ѓеврек, кроасан (т.н. бели печива), чајно печиво и др. Понекогаш се служи заедно со кафе, јогурт или некој друг напиток.

Печивото се разликува од лебот по тоа што има повисока содржина на масти, што ја дава неговата крцкава или трошковидна текстура.