Пецо Гудовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пецо Гудовски
Роден 3 март 1920
Лавци, Кралство СХС
Починал 14 август 2008(2008-08-14)(15 г.)
Битола, Македонија

Пецо Гудовски (3 март 1920, Лавци (Битолско)14 август 2008, Битола) — припадник на македонското националноослободително и комунистичкото движење и учесник во антифашистичката борба во Југославија.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Пецо Гудовски е роден во Лавци (Битолско)Лавци на 3 март 1920 година. Основно образование завршил во селското училиште, но поради сиромаштијата од својата 16 година работел во селското училиште како служител .Тука започнале неговите први активности и контакти со селскиот учител Тодор Ангелевски (Тошо Даскалот).[2]

Учество во НОБ[уреди | уреди извор]

Веќе во 1941 година станал член на СКОЈ како напреден младинец. Со доаѓањето на бугарскиот окупатор заедно со Тодор Ангелевски имал големи заслуги за организирање на скоевски групи и основање на партиска организација како и подготовка за основање на првиот партизански одред „Пелистер“.

Со разбивањето на првиот партизански одред „Пелистер“ во 1942 година, на 2 мај, бил уапсен од бугарската полиција и ставен во затвор под сомнение дека одржува врски со Тошо Даскалот каде бил измачуван повеќе од 40 дена. Се вратил на работа во селското училиште што му овозможило да продолжи со партиската работа.

Во април 1943 заминал во партизани, првите денови во одредот „Даме Груев“, а потоа во одредот „Гоце Делчев“. Со одредот „Гоце Делчев“ учествувал во борбите во Егејска Македонија и Преспа.

Со основањето на баталјонот „Стив Наумов“ одредот „Гоце Делчев“ влегол во негов состав за покасно да се основа Првата македонско-косовска ударна бригада во чиј состав влегол и баталјонот „Стив Наумов“ и учествувал во борбите во Егејска Македонија, во борбите кај Кочани и Куманово каде на 26 февруари 1944 била основана Третата македонска ударна бригада, а Гудовски бил поставен за заменик командант на баталјонот.

На 22 август 1944 година била основана Седма македонска ударна бригада наречена Битолска каде најпрво бил поставен за заменик командант, а од 17 декември 1944 до 1 март 1945 година бил нејзин командант.

Како командант на Втората бригада се борел на Сремскиот фронт од февруари до април 1945 година.[1][2]

По војната[уреди | уреди извор]

После ослободувањето завршил воена академија во Сараево како и други воени школи, обуки и курсеви за потребите на службата во ЈНА.

Од 1946 до 1956 бил во служба на ЈНА каде извршувал разни должности. Од активната воена служба си заминал со чин мајор, а во резервниот состав на армијата стигнал до чин полковник.

Од 1956 година извршувал важни функции во граѓанството. Бил претседател на Општина Дихово, активен член на општествено политичките организации, претседател на Сојуз на резервни воени старешини, Претседател на Титовиот фонд Битола, претседател на Сојуз на борци Битола и долгогодишен началник на одделението за Народна одбрана Битола.[1][2]

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

Носител е на многубројни одликувања и признанија: [1][2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Литовски, Александар (14.08.2020). „На денешен ден почина Пецо Гудовски, носител на Партизанска споменица“. Апла. Посетено на 20 април 2022. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Литовски, Александар (03.03.2019). „На денешен ден роден е Пецо Гудовски“. Апла. Посетено на 20 април 2022. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)