Пецо Божиновски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Пецо Божиновски - Кочо (1920-1970), македонски револуционер и партизан, народен херој. По завршувањето на основното училиште се запишал во Битолската гимназија. Но, поради големата немаштија на неговото семејство, принуден бил да ја напушти гимназијата и да се вработи. Добил работа во Монополот, каде станал свесен за тешкиот живот на работниците. Затоа, уште како многу млад стапил во редовите на напредното работничко револуционерно движење и станал член на СКОЈ. По бугарската фашистичка окупација бил член на Воениот комитет на Битола. Во 1941 г. бил ангажиран во подготовките за вооружена борба и станал еден од иницијаторите и организаторите на Првиот битолски партизански одред „Пелистер", а подоцна станал борец и во Битолско-преспанскиот партизански одред. За неговата храброст и самопрегор се дознало и во Главниот штаб на HOB и ПО на Македонија и тој бил повикан за курир во Штабот. Повеќепати се наоѓал во придружба на највисоки раководители на движењето во Македонија. Подоцна станал политички комесар на Седмата македонска бригада и учествувал во завршните борби за ослободување на Македонија. Починал 1970 г. во Битола. За народен херој е прогласен на 2 август 1952 година.