Пет недели во балон
Насловна страница на издание на Хецел | |
| Автор | Жил Верн |
|---|---|
| Изворен наслов | Cinq semaines en ballon |
| Преведувач | Различни |
| Илустратор | Едуар Риу и Анри де Монто |
| Земја | Франција |
| Јазик | Француски |
| Серијал | Неверојатни патувања #1 |
| Жанр | Авантура |
| Издавач | Пјер-Жил Хецел |
Издадена | 1863 |
| Страници | 396 |
| Следна | Доживувањата на капетанот Хатерас |
Пет недели во балон, или Патување на откритија од тројца Англичани во Африка (француски: Cinq semaines en ballon) — авантуристички роман од Жил Верн, објавен во 1863 година. Тој е првиот роман во кој тој ги усовршил „состојките“ на неговите подоцнежни дела, вешто мешајќи приказна полна со авантура и пресврти што го задржуваат интересот на читателот преку пасуси со технички, географски и историски описи. Книгата им дава на читателите увид во истражувањето на Африка, која сè уште не им била целосно позната на Европејците од тоа време, со истражувачи кои патувале низ целиот континент во потрага по нејзините тајни. Нескратениот англиски превод на романот е направен од Фредерик Пол Волтер, а уреден од Артур Б. Еванс во 2015 година.
Јавниот интерес за фантастични приказни за африканските истражувања бил огромен, а романот веднаш станал хит; го направило Верн финансиски независен и довело до долгорочни договори со издавачката куќа на Пјер-Жил Ецел, која издала уште шеесет негови книги во текот на следните четири децении.
Резиме на заплетот
[уреди | уреди извор]Научникот и истражувач, д-р Самуел Фергусон, придружуван од неговиот слуга Џо и неговиот пријател професионален ловец Ричард „Дик“ Кенеди, тргнува на патување низ африканскиот континент, сè уште не целосно истражен, со помош на балон наполнет со водород. Тој измислил механизам кој, со елиминирање на потребата од испуштање гас или фрлање баласт во морето за контрола на надморската височина, овозможило многу долги патувања. Ова патување имало за цел да ги поврзе патувањата на Сер Ричард Бартон и Џон Ханинг Спек во Источна Африка со оние на Хајнрих Барт во регионите на Сахара и Чад. Патувањето започнува во Занзибар на источниот брег и поминува преку езерото Викторија, езерото Чад, Агадез, Тимбукту, Џене и Сегу до Сент Луис во денешен Сенегал на западниот брег. Книгата ја опишува непознатата внатрешност на Африка во близина на денешна Централноафриканска Република како пустина, кога всушност е савана.

Добар дел од почетното истражување е фокусиран на пронаоѓање на изворот на Нил, настан што се случува во 18-то поглавје (од 43). Вториот дел е за поврзување на другите истражувачи. Постојат бројни сцени на авантура, составени или од конфликт со староседелците или со конфликт со околината. Некои примери вклучуваат:
- Спасување на мисионер од племе кое се подготвувало да го жртвува.
- Останување без вода додека се заглавени без ветер над Сахара.
- Напад на балонот од страна на брадести мршојадци, што доведува до драматичен развој на настаните кога Џо скока од балонот.
- Акциите преземени за спасување на Џо подоцна.
- Тесно бегајќи од остатоците од милитантна армија додека балонот се намалува во ништо со губењето на водородот.
- Пукањето на син елен, за кое сега се знае дека е анахронично бидејќи видот веќе бил изумрен.
Во сите овие авантури, протагонистите ги совладуваат предизвиците најмногу благодарение на својата постојана упорност. Романот изобилува со случајни ситуации во кои проблемите се разрешуваат токму во вистинскиот момент, кога ветерот дува во вистинска насока или ликовите погледнуваат таму каде што треба. Често се споменува и постоењето на повисока сила која бдее над нив.
Иако балонот откажува непосредно пред крајот, сепак успева да ги однесе доволно далеку, до пријателски територии, а потоа и назад во Англија, со што експедицијата завршува успешно. Приказната завршува нагло по нивното патување низ Африка, оставајќи само краток осврт на настаните што следуваат.
Филмски адаптации
[уреди | уреди извор]- 1961 - Летот на изгубениот балон, САД, режиран од Натан Јуран, со Маршал Томпсон во главната улога. Поради притисок од Ирвин Ален и 20th Century Fox, сите референци за Жил Верн биле отстранети од филмот.[1]
- 1962 - Пет недели во балон, САД, режиран од Ирвин Ален, со Ред Батон, Фабијан, Барбара Еден, Седрик Хардвик, Питер Лоре, Ричард Хајдн, Барбара Луна.
- 1975 - Фантастичен пат на глобус, Мексико, режиран од Рене Кардона Џуниор, со Хуго Стиглиц во главната улога.
- 1977 - Пет недели во балон, анимиран филм на Хана-Барбера, режиран од Крис Кадингтон.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ стр. 234 Тејвс, Брајан, Михалук, Стивен и Бакстер, Едвард Енциклопедијата на Жил Верн, Издавачка куќа „Scarecrow Press“, 1996
Извори
[уреди | уреди извор]- Verne, Jules (2015) [1863]. Five Weeks in a Balloon. Paris, France: Pierre-Jules Hetzel. стр. 75. ISBN 978-1-5168-5211-6. Посетено на June 13, 2016.