Пету
Изглед
Пету (изворно: Petuh или Petu) — мешан јазик[1] кој се говори во градот Фленсбург во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, северна Германија, на границата со Данска. Претставува мешавина од германски, долногермански, дански и јужнојитски. Има горногерманска лексика (со извесни дански поими и преведени заемкиемки) но граматиката и синтаксата му се дански и долногермански (долносаксонски). Се смета дека настанал во XIX век и бил во широка употреба и во 1950-тите, но денес е на работ на изумирање.
Потекло на името
[уреди | уреди извор]Дијалектот е наречен по постарите госпоѓи наречени „петутантки“ (иматели на годишен билет) кои со тракети оделе на излети и прошетки низ Фленсбуршкиот Фјорд и седеле во кафетериите на неговиот брег.
Пету | Германски |
---|---|
Wie kann ich sitzen bei ausses Licht un szue Rollo'n un nähn abbe Knöppe an? | Wie kann ich ohne Licht sitzen und bei geschlossenen Rollos Knöpfe annähen? |
besüsseln | jemanden hegen und pflegen |
figellinsch | schlitzohrig |
Kinner einlegen | Kinder ins Bett bringen |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Дански“. Регионални и малцински јазици во Германија (I. изд.). Министерство за внатрешни работи на Германија, Одделение за односи со јавноста. 2008. стр. 11.
- Karl Nielsen Bock, 1933. "Niederdeutsch auf dänischem Substrat." Studien zur Dialektgeographie Südostschleswigs. Copenhagen and Marburg.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Пету — Ostsee.de
Оваа статија поврзана со индоевропските јазици е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |