Петровски крст (врв)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Урнатините на светилиштето на Сабазиј

Петровскиот крст (врв) се наоѓа на планинината Чепан на 1.206 м надморска висина. Самата планина се наоѓа во западна Бугарија, во близина на границата со Србија. Чепан се наоѓа јужно од градовите Годеч и Драгоман, а во неговото подножје е Драгоманското злато. Чепан е дел од западните Стари Планини.

Петровскиот крст е познат како „Голем Чепан“ и покрај него се наоѓа уште еден врв, „Мал Чепан“. На самиот врв се остатоците тракиското светилиште кое било посветено на трачкиот бог на сонцето Сабазиј. На камениот олтар направени се две чинии, кој се верува дека се придонесувани со дарови и жртви. Светилиштето е изградено во вториот век пред новата ера, а го изградило трачкото племе мелди, под водство на војникот по име Аурелиј Местријан.

Во средниот век на Петровскиот крст постоел православен манастир Св. Константина и Елена. Видливи се остоци од рушевина и дел од крстот. Овде се наоѓа Драгоманскиот Манастир.

Во негова близина проаѓа римскиот пат Виа милитарис.

Легенда[уреди | уреди извор]

Во текот на 1842 турски бандити го киднапирале сопственикот Петар од Драгоман. Цел на бандитите било да се измами откуп и они го донеле до врвот за да го застрашaт. Кога од горе виделе дека селаните се спремаат за борба, они го убиле и побегнале, но не успеале да се спасат. затоа што Петар бил ценет меѓу селаните, тие врвот го нарекле по него и на тоа место подигнале крст.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Легенда о Петровском крсту