Петре Христовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Петре Христовски
Роден 1924 година
Булачани, Скопје, Македонија
Починал 16 април, 1945 година
Врпоље, Хрватска

Петре Б. Христовски ( 1924 во Булачани, Скопско16 април 1945 во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Произлегува од сиромашно семејство. Основно училиште завршил во селото, а потоа се занимавал со земјоделство и чување на добиток. Есента 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, во чиј состав водел крвави борби против балистичките банди во Скопска Црна Гора и против Германците во борбите за ослободување на Скопје. Борбата против балистите ја продолжил на Косово, до конечното нивно уништување. Потоа учествувал и во завршните операции за ослободување на Југославија. По пробивот на Сремскиот фронт, ја продолжил борбата против непријателот. На 16 април 1945 година храбро загинал, во големата борба за ослободување на Врпоље.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 158. На |first= му недостасува |last= (help)