Прејди на содржината

Петре Тодоровски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Петре Тодоровски ( 1971 во Кавадарци26 јули 1991 во Љубљана, Словенија) — една од жртвите од Македонија во воените конфликти кои избија во 1991 година во СФРЈ.[1][2]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Основно и средно училиште завршил во Кавадарци. Непосредно пред заминување на отслужување на воениот рок, се запишал на Земјоделскиот факултет при Универзитетот во Скопје. Тодоровски служел воен рок во армијата на поранешна Југославија (ЈНА), во касарната Љубљана поле, во Љубљана.[3] Тој бил убиен на стражарското место во неговата касарна.[4]

На 20-годишнината од неговото загинување, на Градските гробишта во алеата на жртвите паднати 1991 година било организирано сеќавање на младиот Петре Тодоровски. Свежи цвеќиња на негобвиот гроб положиле: блиските од семејството, преставници на локалната самоуправа, од името на генерал-штабот на АРМ, генерал Киро Галазовски, првиот началник на генерал штаб на АРМ - генерал Митре Арсовски,Здружението на ветерани од Тиквешијата од војната 2001 година, преставници на Здружение на Борци - Кавадарци, мировна невладина организација РЕКОМ, здружение на армиски ветерани преставувано од генерал Илија Николовски и други граѓани.[4]

Говор одржал генерал Митре Арсовски, кој го опишал тие немирни деведесети години во кој македонските војници биле жртви на безумнната југословенска војна. Забележал дека наместо за својата Македонија тие гинеле за нечиии други интереси, а политичарите биле тие кои ги диктирале условите во тоа матно време.[4]

Во негова чест

[уреди | уреди извор]

Артистот и близок пријател на семејството Тодоровски, Александар Малинков ја прочитал песната „За навек – за оној кој го нема“ од книгата „Мојот блуз” на неговиот брат Марјан Тодоровски, кој ова поетско издание го посветил токму на својот брат, Петре Тодоровски.[4]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Програма за одбележување на годишнини на значајни настани и личности во општина Кавадарци во 2023 година“ (PDF). kavadarci.gov.mk. 22 декември 2022.
  2. „28 години од убиството на Сашко Гешовски“. www.ktv.mk. Посетено на 2024-07-02.
  3. Дејан, Дејан (2022-07-26). „Триесет и една година од загинувањето на војникот Петре Тодоровски“. telma.com.mk. Посетено на 2024-07-02.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Уневски (28 јули 2011). „20 години од загинувањето на Петре Тодоровски“. kavadar4e.com.