Петре Стефков

Од Википедија — слободната енциклопедија

Петре Коцев Стефков ( 1918 во Скопје21 септември 1944 во Беличица, Тетовско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнувал од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, по што изучил занает, а подоцна работел како чевлар. На 1 август 1944 година стапил во Треттата македонска ударна бригада. Со неа учествувал во сите борби. На 9 септември 1944 година учествувал во разоружувањето на бугарската окупаторска дивизија, а подоцна водел борби против балистите на Водно и покрај Треска. Бил учесник и во борбите за ослободување на Велес, како ѝ во големите улични борби на 13 ноември 1944 година, кога бил ослободен неговиот роден град, Скопје. Потоа, Бригадата заминала за Срем каде во тешките борби за ослободување на уште неослободените краишта на Југославија, храбро загинал.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 133. На |first= му недостасува |last= (help)