Петре Георгиевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Петре Георгиевски
Роден 1 јуни 1940
Долно Дупени, Преспа
Националност Македонец
Занимање универзитетски професор

Петре Георгиевски (Долно Дупени, Преспа, 1 јуни 1940 ) – универзитетски професор, социолог.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Основно образование завршил во с. Љубојно, а учителска школа во Битола. Дипломирал социологија на Филозофскиот факултет во Белград во 1965 година. Завршил постдипломски студии на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје во 1971 година. Докторирал од областа на социолошките науки на Филозофскиот факултет во Скопје, на тема „Влијанието на социјалната структура на студентите врз изборот на факултетот, меѓусебното другарување и успехот во студиите“ во 1981 година. Се вработил како асистент на ИСППИ во 1967 година, а потоа, во 1972 година на Филозофскиот факултет во Скопје. За редовен професор по предметите методологија на социолошки истражувања и социологија на образованието бил избран во 1987 година. Тој е еден од основачите на Одделението за социологија, подоцна Институт за социологија при Филозофскиот факултет во Скопје. Бил декан на Филозофскиот факултет во Скопје (1985) и член на Претседателството на ЦК на СКМ (1986-1989). Објавил над 150 статии и повеќе книги од областа на социологијавлијанието на образованието врз социјалната подвижност во Македонија.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

  • Социологија на образованието, Скопје, 2003.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1638. ISBN 978-608-203-024-1.