Петре Филиповски

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Петре Гарката)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Петре Филиповски
Роден 1780-ти
Гари, Дебарско
Починал 1854
Крушево

Петре Филиповски (прекар: Гарката) роден во село Гари, Дебарско во 1780-тите, починал во Крушево во 1854, бил еден од најистакнатите претставници на мијачката (дебарската) резба, кој потекнува од родот Филиповци од с. Гари во Мала Река. Патот на неговата наобразба и обука во резбарскиот занает се истражува врз основа на семејни преданија и стилска анализа на бројни иконостаси на територијата на Света Гора, Грција, Албанија и Македонија во текот на XVIII век и раниот XIX век. Карактеристиките на неговата работа

„нагласено присуство на човечки, растителни и животински фигури обликувани во згуснат простор, со скусени пропорции, како и специфичната архитектоника на иконостасите што ги изработил“

се препознаваат во постарите резби на епирските зографи, распространети најмногу во северозападна Грција, во Албанија и во Македонија во 18 век. Со сигурност се знае дека дело на неговата тајфа се иконостасите во црквата на:

Се смета дека соработувал при изведбата на иконостасот во црква „Св. Богородица“ - Скопје (околу 1840), во Рилскиот манастир (1841-1842), во црква „Св. Благовештение“ - Прилеп (по 1838). Последното остварување бил иконостасот во црква „Св. Никола“ - Крушево, која била запалена во 1903.

Родослов[уреди | уреди извор]

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Филип
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Иван Филипов
 
Петре Филиповски - Гарката
 
Марко Филиповски
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Дојчин Иванов
 
Стојана Иванова
 
 
 
 
 
Секул Марков
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Велјан Дојчинов
 
Ѓорѓи Дојчинов
 
Иван Дојчинов
 
Елена
 
Алексо Мирчев
 
Матеј Секулов
 
Марко Секулов
 
Ѓорѓи Секулов
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Лазар Алексиев
 
Нестор Алексиев
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Петар Ѓорѓиев


Извор[уреди | уреди извор]

  • Македонска Енциклопедија. Скопје, Македонија: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 337. ISBN 978-608-203-023-4.