Прејди на содржината

Петре Војнески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Петре Војнески
Роден 1924 година
Староец, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал февруари, 1944 година
Дебреште, Прилепско, Македонија под фашистичка окупација
Националност Македонец

Петре Богојев Војнески ( 1924 во Староец, Кичевско1944 во Дебреште, Прилепско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Потекнувал од селско семејство кое се занимавало со земјоделие. Во текот на 1942 година им бил преведувач на Италијаните и имал можност да го запознае окупаторот и неговите намери. Во есента 1943 година се приклучил како партизан во Групата баталјони, а потоа во Првата македонско-косовска бригада. Со Бригадата учествувал во Февруарскиот поход, а по борбите кај Богомила во февруари 1944 година, со групата на Тихомир Шарески, тргнал назад, но загинал кај селото Дебреште - Прилепско во февруари 1944 година во борба со бугарските фашисти.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 49.