Петнаесетта македонска ударна бригада

Од Википедија — слободната енциклопедија
Петнаесетта македонска ударна (Поречка) бригада
Оригинална фотографија од формирањето на Петнаесеттата македонска (поречка) бригада.
Формирањето на 15-тата македонска бригада во с. Челопеци, Кичевско
Активна12 септември 1944 – 6 октомври 1944
БиткиЗавршни операции за ослободување на Македонија

Петнаесетта македонска ударна бригада (позната и како 15. Поречка бригада) била формирана на 12 септември 1944 година кај село Челопеци, Кичевско, која во моментот на формирањето била именувана како Поречка бригада. По воената реорганизација во с. Миокази, Охридско, на 25 септември 1944 година бригадата била преформирана и го добила формацискиот број Петнаесетта.[1] До формирањето на бригадата дошло кога воената единица на Војче Трбиќ преминала во новата формација на Народноослободителна единица, откако во Порече навлегла Прилепската бригада.[2] Била основана од Поречкиот народноослободителен партизански одред и 220 четници што пристапиле во НОАВМ[3]. Во нејзин состав главно влегле еден баталјон од Првата македонска ударна бригада и четниците кои доброволно преминале во оваа бригада.[1]

Команден состав[уреди | уреди извор]

Командниот состав на бригадата го сочинувале:[1]

Политички комесари биле:

Борбени дејства[уреди | уреди извор]

Оваа бригада заедно со Петтата и Шестата бригада учествувала во борбените акции во реонот на Поречието, како и во вториот напад на Кичево и во расчистување на теренот, како и во борбите кај Струга и Охрид.[1]

На 28 август 1944 година извршила напад врз пограничниот бугарски участок во село Здуње. Во борбата биле вклучени и бугарски авиони кои постојано бомбардирале и отворале митралески оган. Во борбата загинал и заменик командантот на Прилепската бригада Илија Игески, заедно со десетина други партизани од Поречката и Прилепската бригада. Поречката бригада кај Дреновец нанела загуба од дваесет бугарски војници, а над триесет биле ранети а поголем број заробени. Водела борби против германската борбена група Гулман и Пабс кај селата Марул, Алданци, Веселчани на 11 до 16 септември, Мажучиште, Страгомишта, Ново Село и Жубрино на 8 и 9 октомври 1944 година.[3]

Во кичевското село Миокази била дополнета со еден баталјон од Првата македонска бригада и борци од Осумнаесеттата македонска дополнителна бригада и била преименувана во Петнаесетта македонска народноослободителна бригада во состав на Четириесет и осмата македонска дивизија на НОВЈ на 25 септември.[3].

Продолжила со борби кај селата Мислешево и Мороишта во Струшко во периодот од 29 октомври до 5 ноември 1944 година, со ноќен напад на Струга на 30 и 31 октомври, борби кон Охрид на 2 ноември, и кај селото Подмоље на 7 и 8 ноември 1944 година.[3] По тешките борби кај Кичево и селот Зајас (15-18 ноември), на 18 ноември учествувала во ослободувањето на Гостивар и наскоро била расформирана, а боречкиот состав влегол главно во составот на Седмата македонска ударна бригада на Четириесет и втората македонска дивизија од Петнаесеттиот македонски корпус на НОВЈ[3], кој потоа се борел на Сремскиот фронт.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. 127-128
  2. Порече низ историјата, Милан Ристески, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1982
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Младеновски, Симо (2009). Блаже Ристовски (уред.). Македонска енциклопедија. 2. Скопје: МАНУ. ISBN 978-608-203-023-4 (1) Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help).