Прејди на содржината

Петденија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Петденија
Μυλωνάδικο
Местоположба
ЗемјиГрција
КрајКасандриско, Егејска Македонија
Физички особености
Извор 
  местоКамила
  координати40°27′00″N 23°46′00″E / 40.4501°N 23.7666°E / 40.4501; 23.7666
Устие 
  место
Светогорски Залив кај Девелики
  координати
40°21′48″N 23°49′34″E / 40.3632°N 23.8262°E / 40.3632; 23.8262
Особености на сливот
Петденија во рамките на Аристотел (општина)
извор
утока

Петденија,[1] Гоматска Река или Милонадико (грчки: Μυλωνάδικο, Ποταμός του Γοματίου) — река во Касандриско, Егејска Македонија. Се влева во Светогорскиот Залив.[2]

Реката извира јужно под врвот Какавос (640 м) на планината Камила на полуостровот Халкидик и тече начелно во јужен правец.[1] По средновековниот Гоматски мост[2] тече на јигоисток. Минува јужно од Гомати и ја прима тамошната селска река Веркос. Влегува во планината, проаѓа пред Девелики и се влева во Светогорскиот Залив на Егејското Море.[1]

Гоматска Река се поистоветува со Студена Река (Ψυχρό ποταμό) спомната од Аристотел, кој вели дека овците што ќе пројдат низ нејзините води ја менуваат бојата на руното. Од местото кајшто потокот го пресекува црниот пат за Девелики и до морето, во должина од околу 150 м се образува блато со ширина од 6 м и длабочина од 1 м. Од дното расте трска и на места халофилна растителност.[2]

→ лева, ← десна

  • → Веркос[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1 2 3 4 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  2. 1 2 3 „Τα Πέτρινα Τοξωτά Γεφύρια της Χαλκιδικής“. Halkidiki Greece. Посетено на 16 февруари 2024.