Петар Самарџиев

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Петар (Пешо) Самарџиев)
Прејди на: содржини, барај
Петар (Пешо) Самарџиев
1877 - 12 јули 1906
Peso Samardziev
Македонски револуционер, тиквешки војвода
Прекар: Пешо
Роден во: с.Подлес, Градско, Македонија
Починал во: с.Клисура, Демир Капија, Македонија
Служба во: Македонско национално движење
Битки/војни: Илинденско востание • Борба за Македонија
Одличја: национален херој
Други занимања: бравар


Пешо Самарџиев (с. Подлес,1877 – с. Клисура, 12 јули 1906) Тиквешки војвода - неуморен револуционер, организатор и достоен борец на македонското национално-ослободително движење во почетокот на XX век.

Семејството Самарџиеви и неговата трагедија во с. Подлес[уреди | уреди извор]

Едно од повеќето семејства во с. Подлес во 19 век било семејството Самарџиеви. Најстариот член на фамилијата се викал Арсо. Тој имал четири сина: Ѓоро,Ристе,Пано и Нацо. Сите членови на оваа семејна лоза живееле заедно во една голема патријархална задруга. На нејзино чело стоел најстариот член во улога на старешина. Бегот му завидел на плодните изработени ниви, на големото стадо,на чистата и уредена куќа. Сето тоа го посакал да биде негово. На своите вооружени ќеаи, измеќари од муслиманско потекло им заповедал: “Нема да го оставиме на раат чорбаџи Арсо,сите во селото станаа чифчии,атој е, се уште рајатин. Се што има да го разграбиме.” Тогаш Пешо, идниот тиквешки војвода и неуморен борец, имал неполни осум години. Роден е 1877 год. Во село Подлес. Мајка му ја викале Марија. Таа била родена во село Фариш. Се омажила во Подлес во Самарџиевите. Пешо и е единствено дете од првиот брак. Таа била средно-висока жена, тиха и добра. Се одликувала со скромност и добро срце. Во текот на својот долгогодишен живот многу страдала и многу нешто видела. Најпрво и го убиле домаќинот а потоа и син и Пешо кој што бил убиен од страна на врховистите. Во почетокот Пешо растел со своите родители и повеќебројните братучеди. Првите години пред да замине на училиште, ги поминувал со детска игра. Им помагал на своите родители така што доставувал храна на животните и полнел вода од селската чешма или од полските кладенци. Напредувал физички и умствено. Кога имал слободно време, со своите врсници си играл по полјанките, ливадите и крај реката. Но тој безгрижен детски живот понесен од бујната мечта на душата, не ќе трае долго време. Уште во најраните години од неговиот живот ќе го почуствува турското ропство. Кога се уште не бил подготвен да се спротистави на злото, кога не можел да ги разликува сите појави, се случила најголемата трагедија во семејството Самарџиеви, која му ги затемнила чистите видици, му ги прекратила детските игри, му секнала громната смеа и го направил озбилен, смел и одаден борец против тиранијата. Многу рано го загубил својот родител. Како се случила трагедијата во с. Подлес? -Турските насилници го фатиле Пано (Татко на Пешо), го затвориле во велешките зандани, обвинет дека се бунтувал против царштината. Останал некое време заточен. Еден ден на чешмата, кога ја миел својата порција, го забележал стражарот и со еден силен удар со кундакот од пушката го соборил на земја. Пано сепак успеал да се соземе, собрал сила и ја зграбил стомната со која го ударил по главата. Кога веќе стражарот бил во несвесна состојба тој ги повикал и останатите затвореници да избегаат, а тие го послушале. Пано постанал ајдук на Руен Планина. Не ајдукувал долго време. Неговиот кум лично со ластарка го убил Пано и неговата глава ја предал на бегот за возврат да ги добие ветените пари. По овој настан Амди-бег добил поттик да ги затвори останатите членови , да им ја запали куќата и да им го разграби имотот. Фамилијата Самарџиеви се растурила, некои од нив заминале за Прилеп, Ѓоро заминува за Солун (каде умира), а додека Пешо, мајка му Марија и чичко му Нацо се преселуваат во Неготино. Малиот Пешо се помнел што се лсучувало во Подлес. Со детски разум се обидувал да ги разјасни крвавите настани и да ја осознае главната причина. Сето ова ќе придонесе, а и другите насилства, да се вклучи во општата борба на македонскиот народ за национално и социјално ослободување. Во таа борба ќе земе активно учество и видно место.


Пешо Самарџиев
1877 - 1906
Слобода или смрт.jpg
Илинденско востание


Доселување во Неготино и училишниот живот на Пешо[уреди | уреди извор]

Петар (Пешо) Самарџиев
1877 - 1906
BASA 1942K-1-62-8 Pesho Samardzhiev (crop).jpg


По убиството на неговиот татко, Марија била принудена да се мажи во Неготино за Божин, на кого пред неколку години му умрела жената и му оставила две деца Цандо и Сута. Марија во новиот брак го донела осумгодишниот Пешо. По неколку години Марија и Божин добиле уште две дечиња Глигор и Роса. Седмочленото семејство иако имале деца од мешан брак, живееле во слога и мир. Малиот Пешо, по стравотните призори во селото можел да најде закрилник кај својот очув. Тој се грижел за неговото школување и издржување. Во тоа време во Неготино веќе имало формирано чаршија. Посебно за време на Кримската војна (1853-1856) градот брзо се развил. Со сплавови низ пловниот Вардар се пренесувало жито и други намирници за Турската војска. Градот спаѓа меѓу првите во Македонија во која била формирана месна организација на ТМРО. Првите членови се премени во лето 1894 год. од страна на Даме Груев. Пред очите на Пешо се одвивале грубите насилства на беговите, насекаде можело да се види грабежи ,убиства, малтертирање, понижување на македонското население. Во Неготино Пешо завршил трокласно училиште. По завршеното трокласно училиште Пешо оди на печалба во Румунија. Но не останува долго, од таму се преместува во Самоков каде што се запишува во Железарско училиште.

Ученички години на Петар (Пешо) Самарџиев во железарското училиште во Самоков[уреди | уреди извор]

Пешо Самарџиев
1877 - 1906
Samokov IMARO revolutionary group.jpg
Македонски револуционер, тиквешки војвода


Престојот на Пешо во Самоков е од големо значење за формирање на револуционерниот лик, познанство со Добри Даскалов, Петар Јуруков и други ученици, се зачлениле во Тајниот револуционерен кружок, чита усилено напредна социјалистичка литература,постанува и социјалист,ќе го вети својот живот со повеќе ученици дека ќе се бори и ќе умре за национално и социјално ослободување на Македонија. При крајот на 19 век некаде 1897 год. Пешо доаѓа во Самоков и се запишува во Железарско училиште. Средината во која се движеше, учеше имаше големо влијание врз неговото конечно огормување како напреден, прогресивен револуционер. Најповеќе во училиштето другарува со Добри Даскалов и Петар Јуруков. Меѓу овие тројца се развива едно пријателство, нив никој не можел да ги раздели. Остануваат верни до крај еден на друг, а во понатамошната борба ќе војуваат заедно. Сите тројца стануваат членови на Тајниот револуционерен кружоток основан од Гоце Делчев. Пешо Самарџиев во Самоков ја изградува својата личност. Сериозно учи, ги шири своите знења, го разбиструва хоризонтот на своите погледи, а воедно се повеќе ги сврзува мечтите со страмежите на народит. Напати кога остануваше насамо често размислуваше за поробената Македонија, за родната куќа во Подлес која гегот ја запалил и сл. Пешо Во 1901 год. е при крај на своето школување. Наместо да оди на работа, со своите 78 другари се приклучуваат во четата на Јане Сандански.

Пешо — Борец во четата на Јане Сандански[уреди | уреди извор]

Во месец април 1901год. Пешо станува четник во четата на Јане Сандански. Пирин ги прегрна во своите шарени дипли младите борци за слобода. Нив ги имаше доста. Сите беа одлучни, озбилни и понесени со една идеја. Пешо ја дава комитската клетва Јас,Добри,Петар,Саво... се заколнувам во бога,верата и честа дека ќе се борам до смрт за слобода на Македонија... Во овие збори кои што се изговараа пред Јане Сандански, имаше нешто величествено, трожествено, магично ги обврзуваше заветниците дека до последна сила ќе се борат против тиранот. Пешо како и многу други, остана најверен заљубеник во слободата. Подоцна Пешо се префрла во четата на Христо Чернопеев. Четата на Чернопеев во која четува и Пешо еден период се бори во Струмичко и Малешевско. Пешо се борел во вториот дел. Во таа борба кај Султан Тале биле убиено 40 четници. Покрај овие две чети каде Пешо добиваше големо борбено искуство, исто така извсен период ќе помине во четата на Петар Јуруков во Тиквешијата. Полни три години ќе четува кај три прочуени бојводи. Од нив многу нешто ќе научи, ќе дознае за начинот на борбата и за организирањето на населението.

Пешо во четата на Петар Јуруков[уреди | уреди извор]

Во четата на Петар Јуруков Пристигнуваа се нови и нови бестрашни борци. Секако со доаѓањето на Петар (Пешо) Самарџиев и Добри Даскалов ,четата добила двајца искусни борци. За време на востанието во месноста Дреновица, Петар со својата чета води борба каде што има и многу загуби. Полни два месеца тиквешката четасе бори. Но вастанието нема масовен карактер. Како што е познато главниот штаб на востанието 1903 год. даде заповед за прекинување на борбите.

Учеството на Пешо на Прилепскиот конгрес[уреди | уреди извор]

По Илинденското востание турската власт револтирана поради учеството на населението во борбите и во Организацијата презеде инквизиторски мерки. Затворите се преполни, а во нив врз луѓето се вршат измачувања. Многу од нив умираа од жестокото тепање. Во Тиквешијата и по востанието останаа борците меѓу населението. Петар Јуруков е сè уште војвода , а Пешо е со него. Пешо го осуди ставот на врховистите и понатаму остана да црпи сили со сите оние што страдаат. Добро му беа познати зборовите на Ѓорче Петров: “Ако сега во најтешките дни го напуштиме народот,тој ќе ја изгуби вербата во себе и ќе го вратиме делото за 500 години назад...” По катастрофата на Илинденското востание во пролетта Даме Груев испрати порака до нелегалните дејци да се воспостави револуционална организација во растроени реони. Во Мај 1904 год. На врвот Мукос се одржала конференција која со право се нарече подготвителен конгрес. Беа присутни и делегати од Тиквешијата Добри Даскалов, Петар (Пешо) Самарџиев и Петар Јуруков. Главна тема на конгресот е каква треба да биде иднината на македонскиот народ.


Во 1904 год. Пешо станува ТИКВЕШКИ ВОЈВОДА[уреди | уреди извор]

Петар (Пешо) Самарџиев
1877 - 1906
Petar Semerdzhiev IMARO Negotino.JPG
Битки/војни: Илинденско востание • Борба за Македонија


Пешо имал 27 години кога во месец август 1904 год. бил назначен за војвода. Пешо со својата чета е добро пречекан од месното население. Им се восхитувал на издржливоста и на одделеноста на поединци. Пешо бил комплетен војвода, ги имал сите способности,знаења и искуства, образован и начитан, и по своите убедувања социјалист. По раст е среден, но физички силен и буен, со голема физичка енергија,неуморлив,во постојано движење и акција. По карактер бил пргав и непокорен, строг и озбилен,правичен и чесен,одлучен и смел. Имал полно, тркалезно лице со широко шело и со остар поглед на очите што изразувале цврстина и машкост. Облечен како многу тогашни војводи:носел кабаница што го штитела од дожд и мраз,ковани опинци за постабилно движење врз елекот вкрстил гајтан со кој се заврзувал нагантот за да не му се изгуби или да не му го одземат од рацете,од десното рамо преку градите затегнал рамен за кожната торба во која чувал документи и опашал ќемер во кој го чувал оружјето. Времето барало храбри луѓе, но истовремено ги создавало. Чостопати им зборувал на своите борци: “Ако треба да умираме,тогаш да умреме како херои. Не сме баби да се плашиме од смртта”.

Средба на Пешо со мајка му Марија[уреди | уреди извор]

Борбениот пат на Пешо беше долг. Од него се бараа натчовечки напори. Со години разделен од своите најблиски. Секако, најтешко ја поднесуваше разделбата со својата мајка. Учеше во Самоков и само за време на летниот распуст ја гледаше. Мајка му постојано живееше во Неготино. За миг можеше да наврати во градот, да одржи состанок со месниот комитет и да ја види неа. Имаше горлива желба да го слушне мајчиниот глас,да ја прегрне и да го види милиот лик. Една вечер пристигна со своите борци. Тајно се сокрива во куќата на Ѓошо Пиштолот --- негов зет. Испрати абер до мајка му и другите најблиски да се видат. Желбата му беше исполнета. Со нестрпливост ја очекуваше мајка си. Ја немаше видено четири години. Мајка му Марија веднаш дошла штом дознала дека синот и е во градот. Со тешки воздишки го прегрнуваше, небаре сакаше да го задржи засекогаш кај себе и да не го пушти повеќе да оди во неизвесност. Двајцата разговараа долго време. Разговараа за куќата, за најблиските, за работата, и што ли не друго. Разделбата меѓу Пешо и мајка му беше болна. Срцето на Марија и се кинеше. Во нивните мисли пролетуваше дали ќе се видиме друг пат? Со насолзени очи се гледаа за последен пат.

Трагичниот крај во близина на селото Клисура[уреди | уреди извор]

Најнапред одат Пешо и курирот, а по нив и 12тината четници. Четата се движи по единствената планинска патека. Штом Пешо и четниците стигна до месноста Преслап, телата им беа испотени и им заповена на одмор. Беше рано, околу 21 часот. Се спремаше да одмара сè уште не беше седнал на земји кога Дино Дрчевски на своите луѓе им заповеда да не пука никој, затоа што тој многу добро го знае Пешо и сам ќе го убие. Подмолно, од зад грб испукува еден куршум и смртно го погодува војводата Пешо. Во тој миг последните зборува гледајќи го селото му биле “Ах,Клусура”.. Пред четниците лежеше трупот на војводата, крвта засилено бликаше од вените,се разлеваше по тревата,и црвено ја боеше. Пешо беше закопан кај една нива покрај меѓите. Четата го продолжи патот кон Влашки Колиби. Беше покуса за еден борец,војвода, за еден вистински заљубеник на слободата.

Пешо Самарџиев
1877 - 1906
Petar Semerdzhiev cheta IMARO.JPG
МАКЕДОНСКИ РЕВОЛУЦИОНЕРИ


Мисли[уреди | уреди извор]

Пусии лути на друмјето ме демнат семе отровно рти во земјата моја ме плаши орозот чкрапнат од братска рака. Главата моја и слободата народена ни ја сакаат момчиња вкрстете ги редениците во оган ќе изгорат малихерите наши и не ќе стивнат дури не победиме

Литература[уреди | уреди извор]

  • Пешо Самарџиев-Тиквешки војвода /Киро Андонив
  • Илинденска епопеја II /Ангел Динев


Стихови[уреди | уреди извор]

Извикна Пешо војвода

од високите балкани,

од високите рудини,

над тоа село Копришница.

-Слушајте вие селани,

утре е Св. Недела,

сите по дома да бидете,

црква да отворете,

четото да си го пречестам.

Сите во црква влегоа

комитска клетва зедоа.

Излегол Пешо од село,

лоша го среќа сретнала,

клетва пусија душманска.

Душмански пушки згрмеа,

Пешо војвода удрија,

Пешо војвода удрија

левата страна срцето.

Споменици[уреди | уреди извор]

-Во центарот на Демир Капија има спомен-биста на војводата Пешо Самарџиев. -Исто така во селото Чифликот близу Демир Капија ома спомен-плоча на Пешо Самарџиев. Изградена од страна на здружението на боречката организација од Неготино.