Петар Шулинчевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 16 март 1938
Белград
Починал 29 септември 2015
Скопје, Македонија Македонија
Занимање Фудбалер - напаѓач

Фудбалски тренер

Петар Шулинчевски - Шули (роден во Белград, 16 март 1938 - починат во Скопје, 29 септември 2015) — македонски легендарен фудбалер и фудбалски тренер.

Биографија[уреди | уреди извор]

Петар Шулинчевски е роден во Белград 16 март 1938 година од таткото Илија (1915-1980) и мајката Вера (1917-2008). Кариерата ја почнал во ФК Преспа, за веќе од 1956 година да заигра во ФК Вардар. Бил дел на првите 11 играчи кои во Белград во 1961 го освоиле тогашниот Куп на Маршалот против Вартекс. Во дресот на Вардар бил 12 години и одиграл преку 300 натпревари низ кои постигнал 190 голови. Од Вардар се преселил во САД во 1968 каде одиграл една сезона во дресот на Чикаго Мустангс (30 утакмици, 16 голови, 7 асистенции). По завршувањето на играчката кариера долги години бил тренер на ФК Вардар, во Костур - Грција, ФК Борец - Велес, Металург - Скопје, а последните неколку години од тренерската кариера во помладите селекции ФК Вардар.

Петар бил оженет во 1960 со Ружица (родена во Скопје 26 Јули 1946 - почината 3 Јули 2012) со кого имале две деца Татјана (родена во Скопје во 1965) и Кристофер (роден во Сент Луис, САД во 1969). Петар имал и брат Слободан (роден во Ресен во 1946).

Петар починал во Скопје на 29 Септември 2015.

Наводи[уреди | уреди извор]