Прејди на содржината

Петар Шкулетиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Петар Шкулетиќ во натпревар на Локомотив против Динамо

Петар Шкулетиќ (роден на 29 јуни 1990 година) е српски професионален фудбалер кој настапува како напаѓач. Моментално ги брани боите на екипата на ТСЦ од Бачка Топола.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Почетните години

[уреди | уреди извор]

На 14-годишна возраст, Петар Шкулетиќ се приклучил на младинската академија во составот на Партизан. Тој набрзо бил промовиран во збратимената екипа во составот на Партизан, екипата на Телеоптик. За новиот тим се натпреварувал за време на сезоната 2007-08. Кон крајот на месец мај и почетокот на месец јуни 2008 година, Шкулетиќ го претставувал составот на Партизан на турнирот „Трофеј Кихот“ - неофицијалното клупско младинско светско првенство, станувајќи најдобар стрелец на турнирот со вкупно седум постигнати гола.[1] По завршувањето на турнирскиот настап, тој сепак не успеал да обезбеди првотимско место во екипата на Партизан. Затоа му помогнал на составот на Телеоптик во 2009 година да се квалификува во првата српска лига преку натпреврите од плеј-офот.[2]

Откако претходно бил поврзуван со екипите на Селтик и Блекбурн Роверс,[3] Шкулетиќ на крајот некаде во летото 2009 година бил префрлен во австриската екипа на ЛАСК од Линц. Во сезоната 2009-2010 одиграл 15 натпревари во лигата на Австрија и постигнал еден гол. По шест месеци без играње на фудбал, во зимскиот преоден рок во 2011 година, Петар Шкулетиќ бил позајмен на црногорскиот прволигаш Зета.[4]

На 30 август 2011 година, Шкулетиќ потпишал за екипата на Војводина, склучувајќи тригодишен договор со цел да го замени играчот Немања Човиќ.[5] Во сезоната 2011-2012 за новиот клуб одиграл 22 натпревари во лигата и постигнал четири голови. Подоцна бил позајмен на составот на Раднички од Ниш и во вториот дел од сезоната 2012-13,[6] пред повторно да се врати во Нови Сад пред почетокот на сезоната 2013-14 и повторно да настапува во екипата на Војводина.

Партизан

[уреди | уреди извор]

На 10 јануари 2014 година, Шкулетиќ потпишал четиригодишен договор со неговиот матичен клуб Партизан и го добил дресот со број 32.[7] Својот прв натпревар за тимот го одиграл на 22 февруари 2014 година, во нерешениот натпревар од 0:0 на гостински терен со составот на Нови Пазар. Шкулетиќ ги постигнал своите први официјални голови за екипата на Партизан на 8 март 2014 година, постигнувајќи гол во победата од 5:0 на гостински терен кај екипата на Раднички од Крагуевац,[8] и на 10 мај 2014 година во победата од 5:0 на домашен терен над составот на Вождовац.[9]

Во воведниот натпревар од сезоната 2014-2015, Шкулетиќ го постигнал последниот гол на натпреварот во квалификациите за Лигата на шампионите на УЕФА против шампионот на Фарски Острови, ХБ Торшавн, каде екипата на Партизан победила со резултат од 3:0.[10] Подоцна, на 6 август 2014 година, тој постигнал гол и му помогнал на својот тим да одигра нерешено на домашен терен со резултат од 2:2 со бугарскиот тим Лудогорец од Разград, во третото коло од истото натпреварување. Сепак, екипата на Партизан била елиминирана според правилото за повеќе постигнати голови на гостински терен.[11] Потоа, на 28 август 2014 година, Шкулетиќ ги постигнал двата гола за неговиот тим во победата од 2:1 на гостински терен над азербејџанскиот клуб Нефтчи во плеј-оф натпреварот на УЕФА Лига Европа.[12] Тој бил исклучен во судиското надополнување од истиот натпревар поради што ги пропуштил првите два натпревари од групната фаза на УЕФА Лига Европа.[13] На 9 ноември 2014 година, Шкулетиќ постигнал хет-трик во победата од 3:0 на гостински терен над составот на Спартак од Суботица.[14] Тој успеал да постигне вкупно 21 гол во втората половина на 2014 година, соборувајќи го клупскиот рекорд од 20 голови поставен од страна на Клео есента во 2010 година.[15]

Локомотив од Москва

[уреди | уреди извор]

На 12 февруари 2015 година, било објавено дека Шкулетиќ ќе се приклучи на екипата на Локомотив Москва.[16] Тој официјално бил префрлен во рускиот клуб наредениот ден, склучувајќи четиригодишен договор.[17] Трансферот бил со висина од 4 милиони евра.[18]

На 3 март 2015 година, Шкулетиќ го одиграл својот прв натпревар за клубот и тоа во четвртфиналето на Купот на Русија против екипата на Рубин од Казан, постигнувајќи го победничкиот гол од пенал.[19] Потоа на 8 март 2015 година, тој постигнал гол на својот прв натпревар во лигата, за да му донесе на својот нов клуб победа од 1:0 на гостински терен над составот на Ростов.[20]

Генчлербирлиги

[уреди | уреди извор]

На 31 мај 2017 година, Шкулетиќ потпишал двегодишен договор со турската екипа на Генчлербирлиги.[21] Својот прв гол за клубот го постигнал на 17 септември 2017 година во поразот со 2:3 на гостински терен кај екипата на Гезтепе.

Монпелје

[уреди | уреди извор]

На 13 јуни 2018 година, Шкулетиќ му се придружил на францускиот прволигаш Монпелје.[22]

На 14 септември 2021 година, Шкулетиќ потпишал двегодишен договор за азербејџанскиот прволигаш Сабах.[23] Шест седмици подоцна, на 27 октомври 2021 година, Шкулетиќ го напуштил составот на Сабах и тоа со заедничка согласност помеѓу двете страни.[24]

Репрезентација

[уреди | уреди извор]

Иако е роден во Црна Гора, Шкулетиќ ја претставувал репрезентацијата на Србија. Настапувал за младинските категории до 17 и до 19 години. Бил најдобар стрелец на тимот со вкупно три гола (хет-трик во победата од 5:1 над репрезентацијата на Азербејџан) во квалификациските натпревари за УЕФА првенството до 17 години во 2007 година.

Во есента 2014 година, по низата импресивни настапи на клупско ниво, Шкулетиќ повторно ја изразил својата желба да ја претставува Србија на меѓународно ниво.[25] Својот прв натпревар за сениорската репрезентација за Србија го одиграл на 29 март 2015 година, откако влегол како замена во второто полувреме на местото на соиграчот Адем Љајиќ. Тоа бил натпреварот против селекцијата на Португалија на гостински терен на стадионот Луж во поразот со резултат од 1:2. Шкулетиќ го постигнал својот прв гол за државната репрезентација во пријателскиот пораз од 1:4 против репрезентацијата на Чешка на 13 ноември 2015 година.

Статистика во кариерата

[уреди | уреди извор]

Клупска статистика

[уреди | уреди извор]
Обновено на 1 јули 2019[26]
Клуб Сезона Лигашки натпревар Куп натпревари Континетални натпревари Вкупно
Лига Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови
ЛАСК од Линц 2009–10 Австриска Бундеслига 15 1 2 0 17 1
Зета (како позајмен играч) 2010–11 Црногорска Прва Лига 15 2 2 1 0 0 17 3
2011–12 0 0 0 0 1 0 1 0
Вкупно 15 2 2 1 1 0 18 3
Војводина 2011–12 Српска Суперлига 22 4 4 0 0 0 26 4
2012–13 3 0 1 0 3 1 7 1
2013–14 14 4 3 1 8 4 25 9
Вкупно 39 8 8 1 11 5 58 14
Раднички од Ниш (како позајмен играч) 2012–13 Српска Суперлига 12 3 0 0 12 3
Партизан 2013–14 Српска Суперлига 13 7 0 0 0 0 13 7
2014–15 15 14 2 2 10 5 27 21
Вкупно 28 21 2 2 10 5 40 28
ФК Локомотив Москва 2014–15 Руска премиер лига 11 2 2 1 0 0 13 3
2015–16 18 6 2 1 4 0 24 7
2016–17 10 2 0 0 10 2
Вкупно 39 10 4 2 4 0 47 12
Генчлербирлиги 2017–18 Супер лиг 27 8 4 3 31 11
ФК Монпелје 2018–19 Лига 1 28 1 2 0 30 1
2019–20 5 0 1 0 6 0
2020–21 19 2 4 1 23 3
Вкупно во кариерата 227 56 29 10 26 10 282 76

Меѓународна статистика

[уреди | уреди извор]
Извор:[27]
Репрезентација Година Натпревари Голови
Србија 2015 година 6 1
Вкупно 6 1

Призанија

[уреди | уреди извор]

Партизан

Локомотив од Москва

  • Освоен е Купот на Русија: 2014–15, 2016–17
  1. „Omladinska škola za ponos!“ (српски). partizan.rs. 13 June 2008. Архивирано од изворникот на 2022-02-13. Посетено на 13 March 2015.
  2. „Muka, pa kreč, pa drama, pa slavlje!“ (српски). partizan.rs. 11 June 2009. Посетено на 13 March 2015.[мртва врска]
  3. „Petar Škuletić u Seltiku?“ (српски). b92.net. 22 January 2009. Посетено на 13 March 2015.
  4. „Zeta angažovala Petra Škuletića“ (Montenegrin). vijesti.me. 10 February 2011. Посетено на 13 March 2015.[мртва врска]
  5. „Voša našla zamenu za Čovića, stigao Škuletić“ (српски). sportske.net. 30 August 2011. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 13 March 2015.
  6. „Radnički dobio pojačanja iz Vojvodine“ (српски). juznevesti.com. 22 January 2013. Посетено на 15 March 2015.
  7. „Škuletić se vratio kući“ (српски). partizan.rs. 10 January 2014. Посетено на 10 January 2014.
  8. „Partizan razbio Radnički u KG“ (српски). b92.net. 8 March 2014. Посетено на 30 May 2016.
  9. „Partizan – Vozdovac 5:0 (2:0)“. partizan.rs. 10 May 2014. Архивирано од изворникот на 2015-09-24. Посетено на 15 March 2015.
  10. „Lazović harasses HB with Partizan“. uefa.com. 15 July 2014. Посетено на 13 March 2015.
  11. „Ludogorets squeeze out Partizan“. uefa.com. 6 August 2014. Посетено на 13 March 2015.
  12. „Škuletić: Nadljudskim naporom do LE“ (српски). b92.net. 28 August 2014. Посетено на 30 May 2016.
  13. „UEFA: Škuletiću dva meča suspenzije“ (српски). mondo.rs. 17 September 2014. Архивирано од изворникот на 2017-10-18. Посетено на 30 May 2016.
  14. „Het trik Škuletića u Subotici“ (српски). novosti.rs. 9 November 2014. Посетено на 15 March 2015.
  15. „Škuletić bolji od Klea!“ (српски). b92.net. 7 December 2014. Посетено на 15 March 2015.
  16. „Škuletić prodat Lokomotivi: Ovakva ponuda dobija se jednom u životu“ (српски). blic.rs. 12 February 2015. Посетено на 12 February 2015.
  17. „Škuletić uskočio u Lokomotivu!“ (српски). sportske.net. 13 February 2015. Архивирано од изворникот на 2015-09-24. Посетено на 13 February 2015.
  18. „PARTIZAN: Škuletić prodat za 4 miliona eura“ (Montenegrin). mondo.me. 12 February 2015. Посетено на 1 May 2015.
  19. „Škuletić zablistao na debiju: Pogodio sa penala i odveo Lokomotivu u polufinale Kupa (VIDEO)“ (српски). mozzartsport.com. 3 March 2015. Посетено на 13 March 2015.
  20. „Škuletić već donosi bodove Lokosima“ (српски). b92.net. 8 March 2015. Посетено на 10 March 2015.
  21. „Petar Skuletic ile 2 yıllık sözleşme“ (турски). genclerbirligi.org.tr. 31 May 2017. Архивирано од изворникот на 2017-06-27. Посетено на 31 May 2017.
  22. „Première recrue pour Montpellier (Officiel)“ (француски). sport24.lefigaro. 13 June 2018. Посетено на 13 June 2018.
  23. „PETAR ŞKULETİÇ "SABAH"DA!“. sabahfc.az/ (азербејџански). Sabah FC. 14 September 2021. Архивирано од изворникот на 2022-05-29. Посетено на 27 September 2021.
  24. „ŞKULETİÇLƏ YOLLAR AYRILDI“. sabahfc.az/ (азербејџански). Sabah FC. 27 October 2021. Архивирано од изворникот на 2022-03-16. Посетено на 27 October 2021.
  25. „Škuletić nema dilemu: Srbija je moja zemlja i reprezentacija! Samo jedan meč da odigram za Orlove...“ (српски). mozzartsport.com. 8 October 2014. Посетено на 12 February 2015.
  26. „P. Škuletić“. Soccerway. Посетено на 4 July 2018.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]