Петар Ренџов

Од Википедија — слободната енциклопедија

Петар Ренџов (роден во 1965 во Штип) — македонски гитарист и композитор.

Животопис[уреди | уреди извор]

Петар Ренџов е роден во Штип. Средно училиште завршил во гимназијата „Орце Николов“. Петар Ренџов е син на познатиот македонски писател Михаил Ренџов. Тој живее во Општината Аеродром. Од 1991 година, Ренџов е оженет за сопругата Василка (докторка на Клиниката за стоматологија) со која имаат две ќерки: Ангела и Михаела.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Петар Ренџов започнал да свири во своите гимназиски денови во почетокот на 1980-тите години. Подоцна, Ренџов бил член на неколку македонски рок-групи, како: „Цилиндар“, „Банкрот блуз бенд“ и „Тумбао салса бенд“.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Андријана Андова, „Љубовта ни почна како мјузиклот Брилијантин“, Антена, број 826, 25.4.2014, стр. 4-5.