Петар Панов синдром

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Петар Панов синдром
Peter pan 1911 pipes.jpg
Илустрација на Петар Пан, свирејќи на флејта, од Ф. Бедфорд од Петар и Венди
Класификација и надворешни извори

Синдромот на Петар Пан ја опишува неможноста на некој да верува дека тие се на постара возраст и да се однесуваат на начин обично поврзан со зрелоста. Овој синдром се појавува кај луѓето кои не сакаат или не чувствуваат можност да растат, луѓе со тело на возрасен, но ум на дете. Тие не знаат како или пак воошто не сакаат да престанат да бидат деца.[1] Терминот потекнува од измислениот детски лик Петар Пан, кој никогаш не старее.[2] Иако почесто им се јавува кај мажите, можна е појава и кај жените.[3]

Некои карактеристики на ова нарушување се неможноста на поединците да преземат одговорности, да се посветат на себе или да ги исполнат ветувањата, прекумерна грижа за изгледот и личната благосостојба и нивниот недостаток на самодоверба, иако ретко ја покажуваат и наизглед се сосема спротивното. Исто така, тие постојано ги менуваат партнерите и бараат помлади. „Секогаш кога врската почнува да бара високо ниво на посветеност и одговорност, тие се плашат и ја раскинуваат. Врските со помлади жени ја имаат предноста на живеење од ден на ден без никакви грижи, и тие исто така вклучуваат помалку идни планови, па оттаму и помалку одговорности “.[4]

Луѓето кои ги покажуваат овие карактеристики поврзани со синдромот Петар Пан, понекогаш се нарекуваат Петар Панери.[5] Хумбелина Роблес Ортега, професор по личност, евалуација и психолошки третман на Гранадскиот универзитет, го поврзува синдромот со презаштитни родители и недостатокот на животни вештини кои создаваат вознемиреност во зрелоста.[3]

Иако слично презентирани, постојат дистинктивни разлики помеѓу синдромот Петар Пан и Puer aeternus („вечното дете“).[6]

Концептот на возрасни лица кои се декларираат како малолетници и адолесценти е познат како трансвозрасност (анг. transageism)[7] кој е моделиран врз трансродовоста. Петар Пан синдромот не е признаен од Светската здравствена организација.[3][8]

Историја[уреди | уреди извор]

Концептот се здобил со популарност преку психоаналитичарот д-р Дан Кили во неговата книга Синдромот Петар Пан: Мажи кои никогаш не пораснале, првпат објавена во 1983 година. Неговата книга станала меѓународен бестселер и довела до бран слични книги за поп-психологија. Доктор Кили ја добил идејата за „Синдромот Петар Пан“ откако забележал дека, како и славниот лик во претставата J. М. Бери, многу од проблематичните тинејџери што ги лекувал имале проблеми со растењето и прифаќањето на одговорностите на возрасните. Оваа неволја продолжила и во зрелоста.[9]


Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Overprotecting parents can lead children to develop the so-called 'Peter Pan Syndrome'. Canal UGR (шпански). 2007-04-02. Посетено на 12 ноември 2020.
  2. Dalla, Rochelle L.; Marchetti, Alexandria M.; Sechrest, Elizabeth A.; White, Jennifer L. (2010). "All the Men Here Have the Peter Pan Syndrome- They Don't Want to Grow Up": Navajo Adolescent Mothers' Intimate Partner Relationships-A 15-Year Perspective“. Violence Against Women. 16 (7): 743–763. doi:10.1177/1077801210374866. PMID 20558768.
  3. 3,0 3,1 3,2 „Overprotecting parents can lead children to develop the so-called 'Peter Pan Syndrome'. Canal UGR (шпански). 2007-04-02. Посетено на 12 ноември 2020.
  4. „Overprotecting parents can lead children to develop the so-called 'Peter Pan Syndrome'. Canal UGR (шпански). 2007-04-02. Посетено на 12 ноември 2020.
  5. „Forever Young - Bicultural Urbanite Luke: Goethe-Institut Australien“.
  6. Bélteczki, Zsuzsanna; Erdélyi, Agnes; Beszterci, Felícia (2011). „[Puer aeternus]“. Psychiatria Hungarica: A Magyar Pszichiatriai Tarsasag Tudomanyos Folyoirata. 26 (2): 112–119. ISSN 0237-7896. PMID 21653996.
  7. Janssen, Diederik F. (2017). „John Money's Chronophilia: Untimely Sex between Philias and Phylisms“. Sexual Offender Treatment. 12 (1).
  8. „Health topics“. www.who.int. Посетено на 12 ноември 2020.
  9. Bonny Caballero, Maria (February 2016). „¿Puede afectar el Síndrome de Peter Pan a la alimentación?“ (PDF). Посетено на 12 ноември 2020.