Петар Манговски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Петар Манговски (с. Велушина, Битолско, 19 август 1909 - Скопје, 2002) — македонски универзитетски професор, правник, член на АСНОМ.

Гимназија завршил во Битола, а Правен факултет во Белград. Докторирал на Правниот факултет во Белград, на тема „Правните аспекти на Арапската лига“. По основањето на Правниот факултет во Скопје, избран за доцент на предметот Меѓународно јавно право (1953), потоа за вонреден (1959) и за редовен професор (1962).

За време на НОБ бил член на илегалниот Народноослободителен одбор за градот Битола, член на Првото заседание на АСНОМ (1944). По ослободувањето бил југословенски дипломат во Софија и во Отава (1945-1950) и судија на Врховниот суд на НРМ (1950). Бил декан на Правниот факултет во Скопје (1959-1961).

Објавил поголем број научни трудови: автор на првиот учебник по предметот меѓународно јавно право на македонски јазик.[1]

Трудови[уреди | уреди извор]

  • Суецкиот Канал, хабилитационен труд на Правниот Факултет во Скопје.
  • Правниот режим на Суецскиот канал и национализација на суецката компанија, Скопје, 1958.
  • Англо-египетската спогодба за Суецкиот Канал, Скопје, 1954.
  • Ајзенхауеровата доктрина за Средниот Исток, Скопје, 1957.
  • Борбата за петролејот на Средниот Исток, Скопје,1959.
  • Британско-исландскиот спор околу ширината на територијалното море, Скопје, 1959.
  • На денот на Обиденетите нации, Скопје, 1952 и 1953.
  • Макартизмот во САД, Скопје, 1953.
  • Меѓународни аспекти на Блискиот Исток, Скопје, 1956.
  • Агресијата против Египет, Скопје, 1957.
  • Создавање на Организацијата на ОН, Београд, 1962.
  • Евијанските спогодби, Скопје, 1962.
  • Организацијата на Африканското единство, Скопје, 1963.
  • Арапска лига-регионална организација, (док. дисерт), Белград, 1963.
  • Меѓународно јавно право, учебник, Скопје, 1975.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, том 2, стр. 909.