Петар Георгиевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Петар Георгиевски
Роден Петар Георгиевски
1 февруари 1961(1961-02-01)(63 г.)
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Занимање басист
глумец
Сопружник Даница Георгиевска

Петар Георгиевски, познат како Перо Камиказа (роден на 1 февруари 1961 година во Скопје) — македонски музичар, глумец, спортист, основач и менаџер на КЛС Евентс.

Кариера[уреди | уреди извор]

Дипломирал на ФДУ во Скопје (1984), а потоа како глумец во Суботичкот театар КПГТ на Љубиша Ристиќ – одиграни 600 претстави (1984-1989). Глумел во неколку ТВ играни проекти од кои е најпознат по улогата на Рио во ТВ-серијата „Трст виа Скопје“ (1988). Го формирал првиот панк бенд во Југославија „Фол Јазик”(1978), а подоцна и легендарниот рок-бенд „Меморија” (1984–1996).

15 години работел во МРТВ на неколку функции - Уредник на забавна редакција на музичка продукција на МРТВ каде е потписник на преку 150 изданија на македонски изведувачи вклучувајќи ги Кирил Манчевски, Меморија, Јаков Дренковски, Џокси, Легенда, Архангел, Санаториум, Ареа и многу други. Помошник генерален директор за програма на МРТВ од 1999 до 2006 година. Го возобновил легендарниот Скопски фестивал – (1994). Шеф на Македонската делегација на Евровизија 2000 во Стокхолм (2000).

Oсновач и актуелен менаџер на KLS Events (1998-). KLS е водечка компанија за организирање на настани во регионот (Event industry) која организира и имплементира различни корпоративни и приватни настани. Со повеќе од 20 години искуство во областа, KLS обезбедуваат креативни решенија како консултанти за управување со настани. Препознатливи се по уникатните креативни решенија реализирани преку напредна технологија. Компанијата е позната во Македонија и регионот по своите големи капацитети и е ангажирана и на обемни проекти како предизборни политички кампањи, големи музички концерти и фестивали.

Приватен живот[уреди | уреди извор]

Потекло и семејство[уреди | уреди извор]

Таткото Ристо и мајката Христина потекнуваат од Егејска Македонија. По граѓанската војна во која учествувал како борец на ДАГ, Ристо дошол во Скопје. Се дошколувал и се вработил во образованието каде напредувал до функцијата директор на ОУ Јане Сандански. Реизбиран бил на оваа функција повеќе пати – сè до пензионирањето. Христина по започнувањето на граѓанската војна со семејството живеела во Битола. По стапувањето во брак со Ристо се вработила во Центарот за социјална грижа и заштита во Скопје.

Со сопругата Даница Георгиевска се запознал за време на студиите на ФДУ и по кратко време стапиле во брак во 1987 година. Даница е успешна глумица вработена во Македонскиот народен театар. Имаат две деца – Христијан (1988-) и Кристина (1989-).

Спорт[уреди | уреди извор]

Во детството и младоста се занимава и постигнува успеси во гимнастика, кајак, атлетика, џудо, борење, бокс и повеќе боречки вештини. Од 2012 е целосно посветен на Маратонското трчање (Скопје 2012, 2013, 2014, 2016, 2018, 2021, Будимпешта 2015, 2016, Прага 2015, 2018, Рим 2016, Малта 2016, Мадрид, Њујорк 2016, Даблин 2018). Активен е и како велосипедист и Член на Мото клуб „Букефал” од Скопје.

Список на проекти и соработки[уреди | уреди извор]

Музика[уреди | уреди извор]

Дискографија (Меморија)[уреди | уреди извор]

Музички групи[уреди | уреди извор]

  • Бенд Нова Генерација 1977-78 (бас гитара) - Џез Рок
  • Фол Јазик 1978 (основач и басист) - прв македонски Панк-Рок бенд
  • Бенд Модел 1980 (основач и басист) - New wave
  • Група Долар 1982 (основач и басист)
  • Група Резервар 1983 (основач и басист)
  • Група Меморија 1984 (основач, басист, автор)

Музика за театар[уреди | уреди извор]

  • Зора на Истокот - Режисер Зоран Алексовски
  • Леонс и Лена - Режисер Горан Тренчовски - Струмички Театар
  • Опера за Три Гроша - Режисер Горан Тренчовски - Драмски театар - Скопје

Музика за филм и телевизија[уреди | уреди извор]

Театар[уреди | уреди извор]

Суботички театар КПГТ на Љубиша Ристиќ – одиграни 600 претстави (1984-1989).

Телевизија[уреди | уреди извор]

  • ТВ-серија "Слана во цутот на падемите" (1982) - глумец
  • ТВ-серија Трст виа Скопје (1985- 1986) Прв Дел - глумец
  • ТВ-серија Трст виа Скопје (1988-1989) Втор дел - глумец и автор на музика
  • ТВ-филм Марика лета со авион (1987) - глумец
  • ТВ-филм Пикасо (1988) - глумец
  • ТВ-серија "Еурека" (1989) - глумец

Надворешни врски[уреди | уреди извор]