Петар Бојаџиевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Петар Бојаџиевски
Роден 11 мај 1939
Кременица
Занимање офталмолог

Петар Јованов Бојаџиевски (Кременица, 11 мај 1939) – македонски офталмолог.

Животопис[уреди | уреди извор]

Медицина завршил во Скопје (1964), специјализирал офталмологија (1974) и работел како офталмолог на Очното одделение во Битола. Примариус станал во 1984 година, а докторирал во Нови Сад (1989).[1]

Трудови и книги[уреди | уреди извор]

Автор е на повеќе од 80 стручни трудови и на книгите:

  • „Здравството во Битола низ вековите” (1992),
  • „Здравството во Битола 1944–2004” (2006),
  • „Здравствено-социјалната политика на странските пропаганди во Битола” (2003)

и соавтор на учебникот

  • „Одбрани поглавја од офталмологијата” (1996).[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 187. ISBN 978-608-203-023-4.