Петар Ангеловски (сценограф)

Од Википедија — слободната енциклопедија
За биологот со исто име видете Петар Ангеловски (биолог)

Петар Ангеловски (Битола, 1931 Битола, 2003) — македонски сценограф.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Ангеловски е роден во Битола во 1931 година. Со неговото доаѓање во 1960 година, битолскиот театар се здобил со првиот постојан сценограф. Со своите зафати во областа на театарската сценографија, покажал осведочени креативни способности во посовремениот сценски израз. Неговиот творечки опус, претставува една мошне голема збирка од над 200 сценографии во кои се застапени домашната, современата југословенска и светска драматургија: „Печалбари“ од А. Панов, „Чекор до есента“ од Т. Арсовски, „Окрвавен камен“ В. Иљоски, „Цар Едип“ од Софокле, „Хамлет“ од В. Шекспир, „Севилски бербер“ од Бомарше и др. Во рамките на тетарските игри „Војдан Чернодрински“ (1983), била отворена изложба на негови макети и сценографски скици.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Drami: Sud. Matica makedonska.