Прејди на содржината

Петар Џаџиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Петар Џаџиќ
Петар Џаџић
Роден 18 септември 1929
Битола, Кралство СХС
Починал 31 јули 1996 (возраст: 66)
Белград, СРЈ
Занимање книжевен критичар

Петар Џаџиќ (роден во Битола, на 18 септември 1929 — починат во Белград, на 31 јули 1996) – српски книжевен критичар, дописен член на САНУ.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Роден бил во Битола. Завршил Филозофски факултет во Белград. Докторирал на тема од творештвото на Иво Андриќ. Како критичар се јавил на крајот на педесеттите години на минатиот век. Се залагал за нови, модернистички струи во српската книжевност, во спротивност со тогашниот владејачки социјален реализам кој бил во служба на идеологијата на Сојузот на комунистите на Југославија. Бил главен уредник на студентскиот весник Видици, а потоа и уредник на влијателниот магазин Дело, кој го промовирал и бранел модернизмот во книжевноста. Како писател на дневни критики, сметал дека новинската критика треба да се занимава не само со прикажување на книжевните дела, туку и нивно вреднување. Пишувал критики за НИН, Политика и Радио телевизија Србија. Работел како уредник во издавачката куќа Просвета. Бил дописен член на Српската академија на науките и уметностите. Неговите текстови биле преведувални на француски, руски, англиски, хинду, шпански, италијански, унгарски, јапонски и други јазици. Бил добитник на повеќе книжевни награди, како Октомвриската награда за студијата „Бранко Миљковиќ или нескротлива реч“, „Ѓорѓе Јовановиќ“ за книгата „Критики и огледи“, Милан Богдановиќ“ за приказ на книгата „Пешчаник“ од Данило Киш.

Некомплетна библиографија

[уреди | уреди извор]
  1. Иво Андриќ, есеј (1957)
  2. Повоен српски расказ (1960)
  3. Од ден во ден (1962)
  4. Бранко Миљковиќ или нескротлива реч (1965)
  5. Критики и огледи (1973)
  6. За Проклетата авлија (1975)
  7. Критика и време (1975)
  8. Од ден во ден II (1976)
  9. Просторите на среќа во делата на Милош Црњански (1976)
  10. Дабова греда во камена капија – митското во Андриќевото дело (1983)
  11. Homo Balcanicus, homo heroicus (1987)
  12. Нова усташка држава? (1990)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]