Прејди на содржината

Песни (Григор Витез, 1990)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Песни“поетска збирка за деца на хрватскиот поет Григор Витез. Книгата е објавена во 1990 година, како заедничко издание на издавачките куќи Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост. Таа служела како задолжителна лектира за шесто одделение во основните училишта на СР Македонија. Изборот на песните го направила Тамара Арсовска, а песните ги препеале: Тамара Арсовска, Михо Атанасовски, Васил Куноски, Видое Подгорец, Глигор Поповски и Ацо Шопов. Цртежот на корицата и илустрациите во книгата се дело на Бисерка Перовска. Книгата, со обем од 105 страници и со димензии од 20 сантиметри, била испечатена во ГИП „Гоце Делчев“ во Скопје. Таа е каталогизирана во НУБ „Климент Охридски“, Скопје.[1]

Содржина

[уреди | уреди извор]

Збирката содржи 99 песни:[2]

  • Како растат децата
  • Непослушни нешта
  • Се расчуло
  • Прсти
  • Две раце
  • Шивачка
  • Кутрото братче
  • Плачко
  • Лекарот препорачува
  • Моливче, моливче
  • Писмо
  • За тројца
  • Желба за мама
  • На мајчиниот ден
  • Дива ружа
  • Три морски волка
  • Што прави, што прави...
  • Заборавенко
  • Жетва
  • Синоличка
  • Незнаено сино цвете
  • Што шуми школката
  • Телеграма од ластовичките
  • Стонога
  • Се карале глувците
  • Верверичина приспивна песна
  • Мечешка приспивна песна
  • Шаткина приспивна песна
  • Слонова приспивна песна
  • Што сонува лавот
  • Гатанки (Белец и потковица, Сијалица, Зелен пламен, Чун, Брош, Греда, Штрк на покривот, Слатка зима, Две птици, Камен)
  • Каде ќе сееме смеа
  • Априлилили
  • Риба за вечера
  • Рампинија
  • Глувче
  • Страв
  • Мачор на покривот
  • Багдадска приказна
  • Песна на безделникот
  • Мишо ги пребарува своите џебови
  • Стол и клупа
  • А зошто да не може...
  • Што се случи
  • Сто волци
  • Сомот и ракот
  • Чуден бунт
  • Тешка болест
  • А кај нас...
  • Рибару, рибару!
  • Како живее Антунтун
  • Името на царевата птица
  • Палавостите на пролетниот ветер
  • Кога би оделе дрвјата
  • Отвори ѝ прозорец на пролетта
  • Летен ветер
  • Добро утро
  • Кога паѓаат ѕвездите
  • Приказна за месечината
  • Момче во болница
  • Ливадата се подновила
  • Најубав брод
  • Зевалка
  • Каква боја има потокот?
  • Морето и боите
  • Зошто служи небото
  • Најубавата боја
  • Тргнал дедо Петар
  • Пролетен дожд
  • Од што се направени темјанушките
  • Сончевиот залез
  • Светулка
  • Утринска песна на чучулигата
  • Врбова свирка
  • Гитарата на есенскиот ветер
  • Сликар
  • Четворицата сликари и јаболкницата
  • Кога зимата сака
  • Ветрот ги брои лисјата
  • Морска ѕвезда
  • Липа и есен
  • Мојот црн другар
  • Славеј и болно дете
  • Дај ми ја месечината, тате
  • Држете го крадецот
  • Ние децата
  • Пред големиот празник
  • Мај
  • Марама црвена како крв
  • Девојчето ѝ вели на пролетта
  • Два збора
  • Курирот и шумата
  • Утрински разговор
  • Споменикот на Хирошима
  • Детска планета
  • Новогодишни подароци
  • Песна за сите деца на светот
  • Кога ќе се раскажат сите приказни

Осврт кон делото

[уреди | уреди извор]

Збирката се одликува со разнообразност во тематиката и во пораките: од обична, секојдневна игра и палавост, преку набљудување на природата и животот, до желби од универзален карактер. Притоа, поетот поставува многу прашања и ги кани читателите на размислување и откривање на светот и животот. Темите во неговите песни се секојдневни, обични и сите мотиви читателот може да ги доживее како свои, а во неговата поезија сè е разиграно и насмеано, исполнето со живот, со игра, со мечатаење и со хумор. Витез со многу љубов и со познавање зборува за особеностите на луѓето, во прв ред, за децата, и нуди воспитни пораки за пријателство, разбирање на другите, хуманост, другарство, трудољубивост, стремење кон доброто... Во неговиот поетски свет нема темни бои, црнила, страдања, тага и трагични мигови; напротив, песните дишат со оптимизам поздравувајќи го животот.[3]

  1. Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990.
  2. Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990.
  3. Тамара Арсовска, „Светот на детството — светот на играта и фантазијата“, во: Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 97-98.