Песна до песна (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Песна до песна (англиски: Song to Song) - американски филм од 2017 година, во режија на Теренс Малик. Главните улоги ги играат: Рајан Гослинг, Руни Мара, Кејт Бланшет, Натали Портман, Вал Килмер, Холи Хантер, Мајкл Фасбендер и Лике Ли. Директор на фотографијата е Емануел Лубецки.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Филмот претставува приказна за страста и неверството меѓу два љубовни триаголника, а дејството се случува на музичката сцена во Остин, Тексас.[2]

За филмот[уреди | уреди извор]

Филмот трае 129 минути, но првичната верзија била долга дури осум часа. Снимањето на филмот било завршено во 2012 година, по што следувал долг процес на монтажа кој тарел пет години при што биле ангажирани дури тројца монтажери. Филмот бил сниман во најлуксузните вили и апартмани во Остин.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ѓорѓи Јаневски, „Песна за песна (Song to Song)“, Економија и бизнис, година 19, број 229/230, јули/август 2017, стр. 102.
  2. Ѓорѓи Јаневски, „Песна за песна (Song to Song)“, Економија и бизнис, година 19, број 229/230, јули/август 2017, стр. 102.
  3. Ѓорѓи Јаневски, „Песна за песна (Song to Song)“, Економија и бизнис, година 19, број 229/230, јули/август 2017, стр. 102-103.